MotoGP

MotoGP: Тракцијата главен приоритет за Сузуки

„Нашите возачи се уште се жалат поради забрзувањето. Мораме да го подобриме и излегувањето од свиоци.“

Следете нè на:

 

На половина од актуелната сезона, тимот Suzuki Ecstar освои 33 поени повеќе во спредба со истиот период минатата сезона.

Со вкупно освоени 134 поени, тие се наоѓаат на третото место во генералниот пласман, зад тимовите на Repsol Honda и Movistar Yamaha, а Маверик Вињалес со својот GSX-RR го освои третото место на трката во Ле Ман.

suzuki rr 16

Но, и покрај тоа што Вињалес и неговиот тимски колега Алеш Еспаргаро постојано завршуваат меѓу првите шест возачи, на тимот му треба нешто повеќе за да може да се бори за победа. А тоа, според тимскиот менаџер Давиде Бривио, е подобра тракција за време на излегување од свиоци.

„Се чини дека нашиот мотоцикл е лесен за управување и лесно го менува правецот. Исто така ги подобривме и перформансите на моторот за време на правец. Но нашите возачи се уште се жалат поради забрзувањето. Мораме да го подобриме забрзувањето при излегување од свиок, “ изјави Бривио за Crash.net.

Како дел од тој процес, Suzuki продолжува со подобрувањата на моторот и шасијата.

„Имаме добра шасија на која е тешко нешто да промениме, но испробавме некои нови работи на тестот во Валенсија. Многу е тешко да се најде нешто што ќе функционира насекаде. Обично имаме подобрувања при влегување во свиоците, но тоа се губи при излегување. Или пак подобар сте внатре во свиокот но губите при запирање,“ изјави Бривио.

„Сакаме да ги задржиме истите карактеристики на моторот но и да ја зголемиме неговата моќност. Поради тоа не чека напорна работа.“

Во моментов, Вињалес се наоѓа на петото место во генералниот пласман, а Еспаргаро е единаесетти. Следната сезона, тие ќе бидат заменети од Андреа Јанон и Алекс Ринс.

 

Би можело да ве интересира

Со оглед на тоа дека веќе е во тек првиот MotoGP тест за сезоната 2019, денеска на патеката во Валенсија видовме неколку возачи кои за прв пат ги носеа боите на своите нови тимови. Прв на листата беше новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо.

„Многу често победите на трките на издржливост, без разлика дали станува збор за превозни средства на две или на четири тркала, се постигнуваат во гаражите. Поради ова, прецизно извршената замена можеби е најважниот елемент од една трка.“

Маверик Вињалес постигна најдобро време на тестот кој се оддржа веднаш по трката во Валенсија. Возачот на Yamaha кој настапи со новиот модел М1, беше за речиси половина секунда побрз од актуелниот шампион Марк Маркез. Успешен ден имаше и вториот возач на тимот, Валентино Роси кој заврши на третата позиција. Актуелниот Moto2 Светски Шампион, Пеко Бањаиа беше најдобар помеѓу дебитантите и заврши на единаесетата позиција наспатувајќи со Pramac Ducati.

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.