MotoGP

MotoGP: Што му треба на секој тим во 2019 година

Сега откако пред-сезонските програми веќе се финализирани и се знаат целите за сезоната 2019, разгледавме што му е потребно на секој тим во сезоната која претстои. За време на заедничката прес конференција на сите тимски менаџери, секој од шефовите на екипите откри какви им се приоритетите во текот на зимските тестови.

Следете нè на:

 

Во сезоната 2019 можеби ќе видиме едно од најголемите раздвижувања во однос на тимовите и формациите на возачите. Досега само две екипи ги задржаа истите возачи од минатата година, а секој производител ќе се обиде да ги задржи и позитивните работи кои ги имаа минатата година.

Еве едно кусо резиме на секој MotoGP производител и кои се нивните најголеми цели во 2019 година.

Honda: Воигрување на тандемот Маркез – Лоренцо

Откако Дани Педроса си замина од тимот, во гаражата на екипата за прв пат после 13 години дојдоа нови лица, меѓу кој и пет-кратниот Светски шампион, Хорхе Лоренцо.

Останува да видиме како тој ќе се адаптира на новиот тимски колега и актуелен шампион, Марк Маркез и дали Ducati ќе зажали што му дозволи да си замине.

Неговите досегашни резултати кога бил дел од тим во кој имало и други познати возачи не се премногу импресивни, најпознат ваков настан е оној кога беше дел од Yamaha и кога во 2010 година стигна до титулата. Тогаш се создаде еден вид на бариера со тимот на Валентино Роси, а односите не беa најсјани ниту со Андреа Довициозо кон крајот на неговиот мандат во Ducati.

Маркез и Лорензо имаа судири и како ривали. За време на трката во Арагон, Лоренцо го обвини Маркез дека имал премногу агресивна тактика и поради тоа излетал надвор од патеката. Едно од најинтересните работи кои со нетрпение чекаме да ги видиме следната сезона е каков ќе биде односот меѓу овие двајца возачи.

На тимскиот менаџер на Repsol Honda, Алберто Пуиг, му е доделена задачата да внимава на возачите и да се обиде да го направи партнерството Маркез – Лоренцо да функцинира. Со дванаесет титули помеѓу нив, ова партнерство ветува многу за иднината на тимот.

„Кога дознавме дека му завршува договорот, одлучивме дека треба да потпишеме со него“, изјави Пуиг. „Навистина бев изненаден кога дознав дека нема големи шанси да остане во Ducati. Не сакав да дознаам зошто е тоа така, единственото што ме интересираше е дали можеме да постигнеме договор со него.“

Иако Педроса ја прифати улогата на втор возач во тимот, такво нешто не се очекува да прифати и Лоренцо чиј што стил е многу сличен со оној на Маркез. Доколку Honda успее да ги усогласи карактерите на овие двајца возачи, тогаш ова партнерство би можело да влезе во историјата на MotoGP.

MotoGP Honda Txt 17 01 2019

Ducati: Комплетирање на целиот пакет

Со оглед на проблемите со кои се соочи тимот на стартот на 2018 година, уште во текот на летото се чинеше дека екипата ја прифати реалноста дека нема да може да дојде до титулата. Затоа и фокусот се смени и започнаа со подготовки за сезоната 2019. За времe на пост – сезонските тестови, Ducati GP19 изгледаше како да е далеку подобар во споредба со неговите ривали. Партнерството меѓу Андреа Довициозо и Данило Петручи засега функционира одлично, а тоа е и дополнителен плус за тимот.

Спортскиот директор на Ducati, Паоло Чиабати, верува дека ги има сите потребни делови и дека тие сега треба само внимателно да се наместат коцките со цел да се избегнат грешките од минатата година.

„Направивме неколку грешки минатата сезона и не бевме на нивото кое очекувавме пред стартот на годината. Потоа имавме и неколку падови што дополнително не одалечија од борбата за титулата,“ изјави Чиабати во Валенсија.

„Задоволен сум од компетитивноста на нашиот мотоцикл но знаеме дека има делови каде што треба да се подобриме. “

Натпреварувачката средина во Ducati, каде што се и возачите на Pramac Ducati, Џек Милер и Франческо Бањаиа, ќе прави дополнителен притисок со цел сите возачи да бидат подготвени за предизвиците кои ги очекуваат. Од Довициозо ќе се очекува да ја предводи борбата за титулата, а голем дел од вниманието и погледите ќе бидат насочени и кон Петручи со оглед на тоа дека дебитира за фабричкиот тим.

„Ќе биде интересно да се види како ќе настапуваат Данило со фабричкиот мотоцикл, Џек со GP19 во тимот на Pramac како и Бањаиа на GP18 за кого ова ќе биде деби настап во MotoGP“ , вели Чиабати. „Задоволни сме од сетапот, а настапот на Бањаиа ни кажува дека донесовме исправна одлука.“

MotoGP Yamaha Txt 17 01 2019

Yamaha: Мотоцикл кој одговара на Вињалес и Роси

Потенцијално, ова е тимот кој очекува најголем напредок оваа зима. Тестовите кои се оддржаа во 2018 година ја остави Yamaha на крстопат, а Маверик Вињалес и Валентино Роси го носеа развојот на YZR-M1 во различни правци.

Но дури и пред да се оддржи тестот во Херез, шефот на Yamaha, Лин Џарвис, откри дека треба да се донесе многу важна одлука во однос на развојот на моторот. Резултатот го подели мислењето на возачите, Вињалес задоволен додека пак Роси бараше нешто повеќе.

„Долго време имавме проблеми со мотоциклот но веќе од трката во Тајланд забележавме дека работите се менуваат. Правиме мали чекори но работите сепак се движат напред“, изјави Џарвис во Валенсија. „Во следните два до три месеци, треба да донесеме навистина важни одлуки.“

„Треба да избереме некои навистина клучни елементи кои се дел до основата на мотоциклот и таа одлука треба да биде исправна. Минатата година донесовме погрешна одлука и не успеавме да ја поправиме грешката. Оваа година мораме да бидеме во право.“

Иако тимот ќе се обиде да најде решение кое ќе им одговара и на двајцата возачи, сепак Џарвис признава дека ќе мора да се направи компромис поради спецификациите на моторот. Подобрувањето на електронскиот пакет е исто така високо на листата, а за таа цел во тимот дојде и Микеле Гада од Светскиот Супербајк шампионат.

„Многу е важно да ги одбереме вистинските спецификации на почетокот на сезоната. Повеќе или помалку, другите работи можеме да ги промениме или пак персонализираме. Веќе има одредени разлики кај двата мотоцикли. Иако основата е иста, сепак постојат разлики.“

Исто како и во Honda, и тука голем дел од резултатите ќе зависат од односот меѓу Вињалес и Роси.

MotoGP Suzuki Txt 17 01 2019

Suzuki: Надополнување на успехот постигнат во 2018 година

Откако успеаа да ги исполнат речиси сите зацртани цели за минатата година, единствено им недостатуваше победа, Suzuki стравува во новата сезона да не им се повторат случувањата од 2017 година кога имаа слаб настап поради лоши спецификации на моторот. Како надополнување на ова беше и заминувањето на Маверик Вињалес во тимот на Yamaha.

Тимскиот шеф, Давиде Бривио, соопшти дека треба да се научи од тоа искуство. Тимот веќе започна со подготовките кои ги предводи тест возачот на тимот, Силвиан Гинтоли. Во Валенсија беше откриено дека тимот не планира да има сателитска екипа и дека целосно ќе се фокусира на фабричкиот тим. Бривио открива дека веќе е почнато со работа со цел тимот да продолжи со успехот кој го постигнаа минатата сезона.

„Навистина сме среќни и горди од напредокот кој го постигнавме во споредба со 2017 година. Неколку пати имам повторено дека тогаш погрешивме со спецификациите, а правилата не ни дозволија да ја исправиме таа грешка. Знаевме каде е проблемот но не можевме ништо да направиме.“

Бривио исто така вложи голема доверба во Алекс Ринс кој ќе биде главен возач на тимот, а негов колега ќе биде дебитантот Хуан Мир.

„Алекс веќе го покажува својот потенцијал. Многу ни помогна и борбата меѓу Алекс и Андреа. Сите растеме заедно, возачите, мотоциклот и целокупниот тим.“

„Ова за Алекс ќе биде трета сезона во тимот и може да се соочи со одреден притисок. Но, таков е овој спорт. Следната година ќе биде возач за пример но тој веќе и го има покажано тоа. Следниот чекор за тимот ќе биде малку потежок за остварување но сепак во новата сезона очекуваме напредок.“

„За Хуан ова ќе биде прва сезона но веќе видовме дека е многу талентиран. Претходно, кај Маверик и Алекс, видовме дека покрај талентот, возачот мора да работи напорно. Се надеваме дека ќе биде исто и со Хуан и дека ќе се движи во вистинскиот правец. “

„Се надевам дека уште од стартот на сезоната Хуан и Алекс ќе се надополнуваат, а тоа ќе биде и добро за тимот. “

MotoGP KTM Txt 17 01 2019

КТМ: Проширувањето мора да донесе напредокот

Иако сезоната 2018 за КТМ беше одбележана со повреди на возачите, тимот беше одлучен да работи на својот напредок во пресрет на третата, исклучително важна сезона за тимот.

Преминувањето на Tech3 од машина на Yamaha на мотоцикл на KTM ги дуплираше напорите на тимот во MotoGP. Потпишувањето на договор со Јохан Зарко кој во иднина ќе му биде тимски колега на Пол Еспергаро како и Дани Педроса кој ќе биде тест возач, на тимот му дава една одлична комбинација на младост и искуство.

Според директорот на КТМ, Пит Беирер тимот имал напредок кон крајот на 2018 година но повредите на возачите значително влијаел врз целокупниот прогрес.

Освен местото на подиумот кое го постигна Еспаргаро на мократа трка во Валенсија, најдобар резултат на една трка која се возеше на сува патека беше деветото место кое Шпанецот го постигна за време на Гран При трката на Австралија во 2017 година. Тогаш беше 16 секунди зад Марк Маркез.

Иако не се очекува тимот постојано да се бори за место на подиумот, еден од приоритетите на екипата е намалување на разликата со останатите возачи.

„Работите добро се одвиваа за нас на почетокот на годината и до трката во Заксенринг имавме речиси целосно нов мотоцикл, “ вели Беирер. „Бевме најдобри на загревањето но после тоа Пол падна. Повреди доживеа и на трките кои се возеа во Брно и Арагон. На истиот викенд во Заксенринг се повреди и Мика. Имавме многу работи кои сакавме да ги тестираме но не бевме во можност.“

„Мислам дека следната година, со уште еден нов тест возач, нема да ни се повтори истата ситуација. Знаеме дека ова е долгорочен проект и сите сме свесни дека не може да очекуваме одлични резултати во првите две сезони. Но, се движиме на вистинскиот пат. Во следниот чекор, ќе имаме возачи како Зарко, а Дани ќе биде тест возач. Ова ќе го стави проектот на целосно ново ниво. А Tech3 и Ерв Поншарал дополнително ќе ја засилат екипата.“

Иако привремено ќе останат без Педроса на стартот на 2019 година, КТМ гледа на искуството и знаењето на Шпанецот како на силно оружје со кое ќе можат да работат.

„Со Дани и Јохан ќе имаме двајца добри возачи и ќе биде навистина интересно да го чуеме нивното мислење“ , вели Беирер. „Мислам дека Педроса има уште многу што да понуди и се надевам дека ќе биде одлично надополнување на нашиот тим.“

MotoGP Aprilia Txt 17 01 2019

Aprilia: Решавање на проблемите со кои се соочи тимот во 2018 година

Aprilia Racing Gresini нема по добро да се сеќава на изминатата сезона со оглед на тоа дека четири пати успеаа да се најдат меѓу најдобрите десет возачи, а на крајот на сезоната завршија зад Red Bull KTM.

Иако не се исполија очекувањата од 2018 RS-GP, Aprilia вложи голем напор за да ги исправи грешките. Кон крајот на минатиот месец вниманието ни го привлече потпишувањето на договор со поранешниот спортски директор на Формула 1 тимот на Ferrari, Масимо Ривола. Италијанецот доаѓа на местото на Романо Албесиано кој во иднина повеќе ќе се фокусира на дизајнот и развојот на целиот проект.

„Во иднина би сакал повеќе да се фокусирам на техничката страна“ , изјави Албесиано пред официјално да биде соопштен договорот со Ривола. „Во моментов работам две работи и тоа треба да го решиме“.

Сега откако Албесиано е целосно фокусиран на техничките детали, Aprilia исто така инвестираше и во возачите. Ги напушти Скот Рединг, а негова замена ќе биде поранешниот возач на Ducati и Suzuki, Андреа Ианоне. Тест тимот ќе ги предводи Бредли Смит.

Албесиано смета дека борбата помеѓу Ианоне и Смит од една страна и Еспаргаро од друга страна ќе му помогне на тимот да напредува и ќе им ја постави насоката која треба да ја следат во 2019 година.

„Нешто не беше во ред со дизајнот и со балансот на мотоциклот со кој настапивме минатата година и тоа не ни беше сосема јасно уште од самиот старт. Возачите се мачеа да дознаат што се случува“ , објасни Албесиано. „На последните три трки откривме нов начин за развој на мотоциклот.“

„Сега имаме јасна претстава за тоа која треба да биде основата на мотоциклот следната година а плус имаме фантастични возачи. Верувам дека во сезоната која е пред нас ќе имаме голем напредок. Веќе немаме простор за оправдување и навистина сум возбуден од потенцијалот кој го имаме како тим.“

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека е убеден дека може да се бори за титулата.

„Сиахрин мора да покаже напредок и подобрување но исто така и да ја намали разликата со тимскиот колега“ – Ерв Поншарал

Кени Робертс зборува за MotoGP сезоната 2019, аеродинамиката, Марк Маркез, недостатокот на возачи кои доаѓаат од САД и уште неколку други работи.

Веќе ви имаме кажано дека Suzuki планира да престави нов модел на пазарот. Сега добивме информација дека големиот оф роуд мотоцикл е забележан на патиштата во Италија.

Еден од најинтересните модели кои ги видовме на мото шуто во Остин, Тексас, беше рачно изработениот мотоцикл на Revival Cycles наречен, Birdcage.

Викендов на патеката Серез во Грција се возеше втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на кој настапија 6 македонски возачи.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.