„Среќен сум што одиме сега во Шпанија. Трката во Тексас не беше многу добра за мене“- Валентино Роси.

Валентино Роси вели дека мора да освои добро место на трката во Херез бидејќи се обидува да надокнади за поените кои ги загуби на трката во Тексас. Роси имаше лош настап на таа трка и сега заостанува 33 бода зад лидерот Марк Маркез. Во моментов, тој е на третото место со заостанување од 12 бода зад тимскиот колега Хорхе Лоренцо.

dedo mraz 201526

Среќен сум што одиме сега во Шпанија. Трката во Тексас не беше многу добра за мене, но дури и после таква трка мораме да гледаме на позитивната страна,“ изјави Роси.

„Бевме добри на квалификациите, а исто така се чувствував добро на мотоциклот. Патеката во Остин отсекогаш била тешка за мене. Но сега одиме во Херез, и ќе настапувам на патека која многу ми се допаѓа.“

„Многу е поразлично од првите три трки од шампионатот. Мораме да продолжиме да работиме напорно исто како и во претходните трки. Мораме да продолжиме да работиме на пневматиците, и пред се, мораме да се обидеме да се качиме на подиумот.“

Back To Top