Тимот на „Movistar Yamaha MotoGP“ се враќа во Италија за Гранд При трката во недела која претставува домашна трка за тимот, но и за Валентино Роси.

46rossigpfrance ds- s1d6129 original

Тимот на „Movistar Yamaha MotoGP“ се враќа во Италија за Гранд При трката во недела која претставува домашна трка за тимот, но и за Валентино Роси.

Роси е подготвен да ја забавува публиката по одличните резултати кои ги постигна на изминатите трки, вклучувајќи го второто место на ЛеМан во Франција. 

Роси е единствениот возач во МотоГП кој успеал да забележи седум последователни победи на домашна патека, на Доктоторот тоа му успеа во периодот од 2002 до 2008, а претходно на Муџело има забележано победи во 1997 со 125цц и во 1999 со 250цц. Минатата година Роси не ја заврши трката откако Алваро Баутиста влета во него на самиот почеток од трката.

Многу сум среќен што ќе возам на Муџело. Тоа е прекрасна патека на која многу и се радувам. За мене ова е најувавиот викенд во целата МотоГП сезона! Заради тоа и ќе дадам се од себе во недела, знаете на секоја трка има 25 бодови за победникот, но на Муџело се работи за чест. Лоренцо победува со Јамахата на последните три трки, што значи дека моторот е конкурентен и сите карти се отворени. За мене ова ќе биде 300-та Гранд При трка, што е лошо, бидејќи тоа значи дека сум стар, но од друга страна е добро, бидејќи сум во добра форма и можам да бидам брз! Се гледаме во Муџело! - изјави Роси

Технички информации
Патека Mugello
Локација Mugello
Должина (м) 5245
Ширина (м) 14
Свиоци 15
Десни свиоци 9
Леви свиоци 6
Пол позиција десна
Grand Prix of Italy
Рекорден круг
Време 1'47.639
Возач M.Marquez
Мотор Honda
Година 2013
Најбрз круг во трка
Време 1'47.157
Возач D.Pedrosa
Мотор Honda
Година 2013
Резултати од 2013
1. J.Lorenzo (Yamaha): 41'39.733
2. D.Pedrosa (Honda): +5.400
3. C.Crutchlow (Yamaha): +6.412

Возбудувањата во Муџело започнуваат во петок со првиот тренинг во 9.55, вториот тренинг на програмата е во 14.05. Во сабота, третиот тренинг започнува во 9.55, четвртиот е во 13.30, а веднаш потоа се и квалификациите. Q2 сесијата започнува во 14.35. Во недела трката започнува во 14 часот.

Пренос од сите возбудувања ќе има на СпортКлуб каналот, или преку стриминг на следниот линк: http://www.sportcategory.com/c-10.html

Back To Top