MotoGP

MotoGP: Роси не планира да се повлече

Валентино Роси вели дека нема причина за загриженост околу неговата иднина во Премиерната класа и покрај тоа што го имаше можеби најлошиот викенд во неговата 23 годишна кариера.

Следете нè на:

 

Валентино Роси вели дека нема причина за загриженост околу неговата иднина во Премиерната класа и покрај тоа што го имаше можеби најлошиот викенд во неговата 23 годишна кариера.

Валентино Роси вели дека нема причина за загриженост околу неговата иднина во Премиерната класа и покрај тоа што го имаше можеби најлошиот викенд во неговата 23 годишна кариера.

Откако стартуваше од 18-тата позиција, Роси набргу по стартот излета надвор од патеката по судирот кој го имаше со Јоан Мир. Деветкратниот шампион вели дека и покрај катастрофалната трка, не планира да се повлече од натпреварувањето.

Возачот на Monster Energy Yamaha во текот на викендот го следеа неколку несреќи и поради тоа не можеше да се натпреварува со најдобрите возачи.

Velentino Rossi gravel txt 13 06

Но и покрај тоа што вели дека љубовта кон овој спорт го поттинува да се трка и на 40 годишна возраст, Роси признава дека не размислува за повлекување и покрај лошиот викенд кој го имаше на патеката во Муџело.

„Ова беше еден од најлошите викенди бидејќи дојдовме на оваа патека со големи очекувања. За жал работите не се исполнија онака како што очекувавме а јас не бев брз на ниту една сесија. Направив голема грешка на втората квалификациска сесија а после тоа работите станаа уште потешки.“

„Стартот од последниот ред е секогаш тежок а плус загубив многу после контактот со Мир.“

„На трката во Остин, пред само еден месец, бев многу блиску до победа. Мораме да останеме концентрирани и да дадеме се од себе и кога работие не се одвиваат онака како што посакуваме. Но сега не е време Yamaha и нашите фанови да бидат загрижени и само ќе порачам дека не планирам да се повлечам од трките.“

Иако Роси потврди дека останува дел од серијата и во иднина, сепак призна дека направил неколку грешки кои не се карактеристични за него и неговиот тим.

„Кога си бавен работите стануваат потешки бидејќи мора да испробуваш многу работи. Се обидов оваа година да бидам добро подготвен бидејќи знам дека минатата година за време на трките помеѓу Муџело и Заксенринг освоив многу поени.“

„Во Ле Ман беше голема мешаница а направивме и неколку грешки во Муџело. Доколку не направев некои од нив, работите ќе беа многу поинакви и ќе имавме поинаква трка.“

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Марк Маркез вели дека е среќен што Романо Фенати повторно се бори за првото место.

Ова е мотоциклот со кој Џонатан Реа и Леон Хаслам победија на трката Suzuka 8-Hours.

Спортскиот директор на Ducati , Паоло Чиабати, ги објаснува причините зошто тимот за прв пат во својата историја се одлучи да настапи со четири мотоцикли кои имаат фабрички спецификации.

Тимскиот менаџер на Repsol Honda, Алберто Пуиг е среќен поради враќањето на патеката на Хорхе Лоренцо но не очекува тој да биде во врвна форма.

Листа на сите се познати договори кои возачи и тимовите ги имаат за 2020 година.

Лидерот на табелата Алекс Маркез ќе ја вози шестата сезона во Moto2 серијата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.