MotoGP

MotoGP: Продолжува соработката меѓу Repsol и Honda

Марк Маркез и неговиот нов тимски колега Хорхе Лоренцо ќе продолжат да ги носат боите на Repsol и во сезоните 2019 и 2020

Следете нè на:

 

Repsol  го продолжи спонзорскиот договор со фабричкиот MotoGP тим на Honda. Соработката која започна во 1995 година ќе трае најмалку до завршувањето на сезоната 2020. Заедно имаат освоено 13 титули кај возачите како и 163 победи од кои последната беше на трката која се возеше во Холандија.

IMGP7636

Меѓу најпознатите возачи кои ги носеле боите на Repsol Honda се Мик Дуан, Алекс Кривие, Валентино Роси, Ники Хејдн, Кејси Стонер, Андреа Довициозо и Дани Педроса.

Во сезоните 2019 и 2020, нов тимски колега на Марк Маркез ќе му биде Хорхе Лоренцо. Двоецот има освоено седум од последните осум шампионати. Исклучок беше титулата која ја освои Кејси Стонер во 2011 година, повторно за тимот на Repsol Honda.

„Задоволство ни е што можеме да потврдиме дека го продолживме договорот со Repsol за дополнителни две години,“ изјави претседателот на HRC, Јошишиге Номура. „Следната сезона ќе одбележиме 25 години соработка, достигнување на кое сме многу горди. За време на тој период, заедно се соочивме со многу предизвици кои се појавија поради брзиот напредок на технологијата, големата конкуренција и големиот интерес за MotoGP низ светот.“

„Сакаме да ја продолжиме оваа наша соработка и да постигнеме уште поголем успех и во иднина.“

Бегоња Гарција, директорот за комуникации на Repsol, додаде: „Многу сме среќни што ја продолживме соработката со Honda. Нашиот сојуз следната година ќе прослави 25 години соработка и тоа е нешто многу повеќе од само еден обичен договор за спонзорство.“

За разлика од Honda, Yamaha сѐ уште го нема продолжено договорот со Movistar кој истекува по завршувањето на оваа сезона. Во меѓувреме, Monster, кој ќе ја прекине соработката со Tech 3 е во потрага по нов тим.

Би можело да ве интересира

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

„Во моментов ми се случуваат навистина убави работи. Треба само да продолжам да работам. Како стареам така чувствувам дека станувам се подобар“ – Џек Милер

Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година.  Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.