Ѕвездите на МотоГП шампионатот веќе се во Азија, патеката Мотеги викендов ќе биде домаќин на 15-та рунда од вкупни 18 по кои треба да биде познат новиот МотоГП шампион.

Ѕвездите на МотоГП шампионатот веќе се во Азија, патеката Мотеги викендов ќе биде домаќин на 15-та рунда од вкупни 18 по кои треба да биде познат новиот МотоГП шампион.
Патеката Мотеги е сместена во областа Канто, се состои од овален (дел изграден со цел да се доближи американската мото култура до Јапонија) и стандарден дел со вкупна должина од 4,8км. Патеката е изградена од Хонда во 1997 година, а станува дел од МотоГП шампионатот во 2000 година.
Патеката е составена од 14 свиоци, 6 леви и 8 десни и правец со должина од 762 метри. Во склоп на патеката може да се погледне и музејот на Хонда, а во целиот комплекс функционира и школо за мотори, како и патека за крос, картинг, хотел, ресторант и придружни објекти во кои се вработени повеќе од 300 лица.
Пренос од сите настани ќе има на Спорт Клуб каналите според следниот распоред:
Петок на СпортКлуб 3
| 02:00 | Тренинг 1 Moto 3 во живо |
| 02:55 | Тренинг 1 Moto GP во живо |
| 03:55 | Тренинг 1 Moto 2 во живо |
| 06:00 | Тренинг 2 Moto 3 во живо |
| 07:05 | Тренинг 2 Moto GP во живо |
| 08:05 | Тренинг 2 Moto 2 во живо |
Сабота на СпортКлуб 3
| 02:00 | Тренинг 3 Moto 3 во живо |
| 02:55 | Тренинг 3 Moto GP во живо |
| 03:55 | Тренинг 3 Moto 2 во живо |
| 06:30 | Тренинг 4 Moto GP во живо |
| 07:10 | Квалификации Moto GP во живо |
| 08:05 | Квалификации Moto 2 во живо |
Недела во живо на СпортКлуб 3
| 01:40 | Warm up Moto 3 во живо |
| 02:10 | Warm up Moto 2 во живо |
| 02:40 | Warm up Moto GP во живо |
Недела во живо на СпортКлуб 1
| 04:00 | Трка Moto 3 во живо |
| 05:20 | Трка Moto 2 во живо |
| 07:00 | Трка Moto GP во живо |
За оние кои ги немаат СпортКлуб каналите во својата ТВ понуда стриминг ќе биде достапен на: www.sportcategory.com/c-10.html
До крајот на шампионатот по трката во Јапонија преостануваат само уште три трки: Филип Ајленд во Австралија, Сепанг во Малезија и Валенсија во Шпанија.

Коментари