MotoGP

МотоГП: Пол позиција за Лоренцо на Брно

motori lorenzo-pol-brnoПол позиција за актуелниот лидер во МотоГП шампионатот. Хорхе Лоренцо ќе стартува од првата позиција на утрешната трка на патеката Брно за трката од ГН на Чешка. 

Следете нè на:

 

lorenzo-pol-brno

Пол позиција за актуелниот лидер во МотоГП шампионатот. Хорхе Лоренцо ќе стартува од првата позиција на утрешната трка на патеката Брно за трката од ГН на Чешка. 

Квалификациите на патеката Брно за трката за ГН на Чешка започнаа по релативно ладна температура на асвалтот од само 29 степени што придонесе првиот дел од квалификациите возачите да го искористат како симулација за утрешната трка која се очекува да се вози во исти услови. 

По само 10-на минути од сесијата Хорхе Лоренцо веќе го надмина рекордот за пол позиција на Брно со време од 1:56.144, а Кал Крачлоу неколку минути подоцна дојде до провизорната втора позиција. Во меѓувреме Педроза доживеа лоусајд од кој стана без повреда и замина во боксот од каде 10-на минути подоцна ги продолжи квалификациите. 

cal-brnoМотивираниот Крачлоу утре ќе стартува од втората позиција

Следуваше падот на Ренди де Пуние во свиокот бр.5 но за среќа и тој без повреди замина во боксот, а предноста од скоро половина секунда која ја имаше Лоренцо му дозволи да влезе во пит стопот и да направи подолга пауза, па така дури на средината од сесијата тој повторно излезе на патеката.

Потоа го проследивме падот на Кал Крачлоу, Британецот падна во моментот кога сеуште беше на втората позиција, а за среќа падот помина без последици по возачот. Мишел Пиро исто така доживеа пад, но и тој се врати во боксот без повреда иако на почетокот се држеше за левата нога.

На 20 минути до крајот на сесијата Валентино Роси излезе на патеката со нова мека слик гума која го одбележа почетокот на менувањето на гумите кај повеќето возачи и започнувањето на возбудувањата на квалификациите.

rossi-soft-slick

Менувањето на гумата за Роси значеше и подобрување на времето па така за кратко Докторот возеше за шеста позиција односно провизорен старт од вториот ред. 

На 6 минути до крајот на сесијата сеуште немаше никаква промена во резултатите, првиот ред им припаѓаше на Лоренцо, Крачлоу и Довициозо, за веќе во следната минути Бен Спиз да извози за провизорна трета позиција. Во последните минути Лоренцо успеа да го подобри своето време на 1:55.799 запечатувајќи ја пол позицијата на Брно. 

Следеше подобрување на времето на Бен Спиз кој успеа да дојде до втората позиција, но Крачлоу го возврати ударот и го поврати второто стартно место на утрешната трка, а Штефан Брадл за кратко успеа да му го одземе шестото место на Роси, но во следниот круг Докторот го подобри неговото време.

Трката започнува во 14.00 часот по наше време, може да се следи на обичниот СпортКлуб канал или преку стриминг на sportlemon.tv/c-10.html

Квалификации на Брно:

Поз.Бр.ВозачТимКм/чВремеРазлика
1 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing 306.8 1'55.799
2 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 303.3 1'55.995 0.196 / 0.196
3 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team 309.9 1'56.327 0.528 / 0.332
4 11 Ben SPIES Yamaha Factory Racing 305.6 1'56.331 0.532 / 0.004
5 4 Andrea DOVIZIOSO Monster Yamaha Tech 3 307.5 1'56.559 0.760 / 0.228
6 46 Valentino ROSSI Ducati Team 304.1 1'56.735 0.936 / 0.176
7 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP 306.0 1'56.827 1.028 / 0.092
8 19 Alvaro BAUTISTA San Carlo Honda Gresini 305.9 1'57.068 1.269 / 0.241
9 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing 309.6 1'57.773 1.974 / 0.705
10 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar 291.2 1'57.844 2.045 / 0.071
11 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar 291.5 1'58.153 2.354 / 0.309
12 68 Yonny HERNANDEZ Avintia Blusens 286.5 1'59.087 3.288 / 0.934
13 24 Toni ELIAS Pramac Racing Team 306.5 1'59.120 3.321 / 0.033
14 51 Michele PIRRO San Carlo Honda Gresini 285.1 1'59.387 3.588 / 0.267
15 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing 291.2 1'59.863 4.064 / 0.476
16 54 Mattia PASINI Speed Master 285.4 1'59.865 4.066 / 0.002
17 77 James ELLISON Paul Bird Motorsport 287.3 2'00.316 4.517 / 0.451
18 22 Ivan SILVA Avintia Blusens 285.8 2'00.329 4.530 / 0.013
19 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project 272.0 2'00.854 5.055 / 0.525

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.