Валентино Роси забележа победа на трката во Австралија, Хорхе Лоренцо се искачи на второто место на пиедесталот, а Бредли Смит финишираше на третата позиција во трка во која Марк Маркез и Дани Педроса останаа без пласман.

46rossi mgp 0523 original

Валентино Роси забележа победа на трката во Австралија, Хорхе Лоренцо се искачи на второто место на пиедесталот, а Бредли Смит финишираше на третата позиција во трка во која Марк Маркез и Дани Педроса останаа без пласман. Со успехот на Филип Ајленд за ГН на Австралија, Валентино Роси дојде до 108-та победа во кариерата, прва победа на оваа патека од 2005-та година кога последен пат се радуваше на оваа патека.

Денешната трка започна на одличен начин, со многу возбудувања на самиот старт во кој главната улога ја имаа Маркез и Лоренцо кои се бореа за првата позиција, како и Валентино Роси кој успеа да дојде до третата позиција во првиот круг иако стартуваше од 8-та позиција.

На стартот одлично возење следевме и од Пол Еспрегаро, Бредли Смит, Андреа Довициозо и Кал Крачлоу кои се наоѓаа на 4-та до 7-ма позиција. Педроса имаше прилично лош старт по кој повеќе возачи успеаја да го поминат па така Шпанецот по 5 круга од трката се наоѓаше на 9-та позиција.

Шестиот круг од трката го одбележа сударот на Андреа Ианон кој заради касно кочење удри во задниот дел од моторот на Дани Педроса по што возачот на Хонда беше приморан да влезе во боксот. Ианон од сударот помина без повреди, со искршен мотор, но за Педроса неговото невнимание значеше крај на трката која беше важна за борбата за втората позиција во генералниот пласман.

Валентино Роси во меѓувреме продолжи со одличното возење и успеа да ја намали разликата која ја имаше Лоренцо пред него, па така до 9-от круг Роси веќе беше зад Лоренцо и започна со нападот на својот клубски колега за втората позиција. Роси на својата 310-та трка во кариерата прикажа одлично возење, успеа да го мине Лоренцо во првиот обид, а во следниот круг повторно го стори тоа откако Лоренцо на кратко ја врати втората позиција.

Зад првите тројца следевме одлична трка на возачите од отворената класа, група во која пет возачи се бореа за место погоре, но на 13 круга до крајот од трката фокусот повторно се врати на борбата помеѓу Лоренцо и Роси. Маркез притоа непречен од никого грабеше напред кон уште една победа во сезоната во која ја завери својата втора МотоГП титула.

93marquez mgp 0055 original

На 11 круга до крајот Лоренцо направи грешка по која Роси успеа да го помине и притоа да се одвои доволно за неговиот клубски колега да не биде во можност веднаш да го возврати ударот. И кога сите мислеа дека победникот на трката е познат, Маркез го загуби предниот крај и заврши крај патеката. Маркез кој возеше асиметрична предна гума при кочењето на кривината МГ доживеа лоу сајд па така иако имаше предност од 4 секунди на крајот остана без бодови од Филип Ајленд.

По падот на Маркез надвор од трката заврши и Штефан Брадл како и Алеш Еспергаро, а до крајот на трката надвор од неа беше и Пол Еспергаро. На 4 круга до крајот Валентино Роси имаше предност од 6 секунди пред Лоренцо, но она што беше возбудливо во тој момент секако е налетот на Кал Крачлоу кој прикажа одлично возење во текот на целата трка. Крачлоу беше толку добар што успеа да го помине и Хорхе Лоренцо за втората позиција!

До крајот на трката Крачлоу ја имаше втората позиција но последниот круг беше кобен за него, возачот на Дукати остана без пиедесталот буквално во последниот круг, на радост на Хорхе Лоренцо кој благодарение на неговиот пад дојде до втората позиција.

Поз.ПоениБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 40'46.405
2 20 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +10.836
3 16 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +12.294
4 13 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +14.893
5 11 8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati +30.089
6 10 19 Alvaro BAUTISTA SPA GO&FUN Honda Gresini Honda +30.154
7 9 45 Scott REDDING GBR GO&FUN Honda Gresini Honda +30.158
8 8 7 Hiroshi AOYAMA JPN Drive M7 Aspar Honda +33.166
9 7 15 Alex DE ANGELIS RSM NGM Forward Racing Forward Yamaha +33.577
10 6 69 Nicky HAYDEN USA Drive M7 Aspar Honda +34.144
11 5 68 Yonny HERNANDEZ COL Energy T.I. Pramac Racing Ducati +39.468
12 4 9 Danilo PETRUCCI ITA Octo IodaRacing Team ART +56.684
13 3 70 Michael LAVERTY GBR Paul Bird Motorsport PBM +1'12.813
14 2 63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Avintia +1'28.050
Без пласман
    35 Cal CRUTCHLOW GBR Ducati Team Ducati 1 круг
    44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 3 круга
    41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha 7 круга
    6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda 8 круга
    93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 10 круга
    23 Broc PARKES AUS Paul Bird Motorsport PBM 14 круга
    26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 21 круг
    29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati 22 круга
    17 Karel ABRAHAM CZE Cardion AB Motoracing Honda 23 круга

Back To Top