MotoGP

MotoGP: Педроса повторно на врвот

Третиот и последен ден од второто пред сезонско тестирање на Сепанг го врати Дани Педроза на врвот на табелата.

Следете нè на:

 

2013 sepang 2 d2 pic 1Дани Педроса

Третиот и последен ден од второто пред сезонско тестирање на Сепанг го врати Дани Педроза на врвот на табелата.

Првите два часа од последната сесија се одржаа на патека која се сушеше од ноќниот дожд во Малезија, па слик гумите беа монтирани на моторите по 13 часот по локално време (тестот трае од 10 до 18 часот).

Условите на стазата според возачите биле лизгави, па затоа и времињата кои беа поставени се разликуваа од оние на вчерашниот ден кога се возеше по целосно сува патека. Дани Педроса и актуелниот светски шампион Хорхе Лоренцо беа меѓу првите кои го завршија возењето пред крајот на сесијата, околу 17 часот по локално време. Од друга страна, Марк Маркез и Валентино Роси возеа се додека не се запали црвеното светло на Сепанг.

2013 sepang 2 d2 pic 2Марк Маркез

Маркез доживеа и два пада денеска, за среќа помина без повреда, но на крајот успеа да забележи второ време обезбедувајќи 1-2 резултат за Хонда. Валентино Роси дури на крајот успеа да го подобри своето време, во текот на целата сесија заостануваше повеќе од една секунда од водечкиот, за на крајот од 7-та да се искачи на 4-та позиција, со засотаток од половина секунда.

Освен Маркез надвор од патеката завршија и Петручи, Барбера, Старинг, Пиро, Хејден и Песек, за среќа сите без последици.

Следните возбудувања ќе ги следиме од 12-14 март, на новата патека во САД на кој ќе присуствуваат само тимовите на Хонда и Јамаха, а последниот пред сезонски тест ќе се одржи од 23-25 март на Херез во Шпанија.

Денешни резултати:

Поз. ВозачТимВремеРазликаКругови
1 PEDROSA, Dani Repsol Honda Team 2:00.562 41 / 57
2 MARQUEZ, Marc Repsol Honda Team 2:00.643 0.081 54 / 54
3 LORENZO, Jorge Yamaha Factory Racing Team 2:00.992 0.430 23 / 56
4 ROSSI, Valentino Yamaha Factory Racing Team 2:01.062 0.500 60 / 61
5 BAUTISTA, Alvaro GO&FUN Honda Gresini 2:01.078 0.516 13 / 43
6 CRUTCHLOW, Cal Monster Yamaha Tech 3 2:01.094 0.532 57 / 59
7 BRADL, Stefan LCR Honda MotoGP 2:01.309 0.747 7 / 46
8 DOVIZIOSO, Andrea Ducati Team 2:01.650 1.088 35 / 44
9 HAYDEN, Nicky Ducati Team 2:02.070 1.508 23 / 53
10 SMITH, Bradley Monster Yamaha Tech 3 2:02.314 1.752 46 / 64
11 IANNONE, Andrea Energy T.I. Pramac Racing Team 2:02.566 2.004 46 / 52
12 PIRRO, Michele Ducati Test Team 2:02.773 2.211 36 / 38
13 DE PUNIET, Randy Power Electronics Aspar 2:02.863 2.301 44 / 45
14 SPIES, Ben Ignite Pramac Racing Team 2:03.055 2.493 31 / 33
15 NAKASUGA, Katsuyuki Yamaha Factory Racing Test Team 2:03.154 2.592 24 / 32
16 BARBERA, Hector Avintia Blusens 2:03.155 2.593 37 / 42
17 YOSHIKAWA, Wataru Yamaha Factory Racing Test Team 2:03.257 2.695 22 / 26
18 ESPARGARO, Aleix Power Electronics Aspar 2:03.423 2.861 18 / 45
19 ABRAHAM, Karel Cardion AB Motoracing 2:04.066 3.504 33 / 57
20 EDWARDS, Colin NGM Mobile Forward Racing 2:04.102 3.540 21 / 42
21 AOYAMA, Hiroshi Avintia Blusens 2:04.512 3.950 15 / 51
22 LAVERTY, Michael Paul Bird Motorsport 2:04.546 3.984 21 / 24
23 PESEK, Lukas Came IodaRacing Project 2:04.674 4.112 32 / 33
24 PETRUCCI, Danilo Came IodaRacing Project 2:04.686 4.124 18 / 36
25 CORTI, Claudio NGM Mobile Forward Racing 2:04.718 4.156 48 / 51
26 HERNANDEZ, Yonny Paul Bird Motorsport 2:04.722 4.160 46 / 47
27 TAKAHASHI, Takumi HRC Test Team 2:04.749 4.187 63 / 65
28 STARING, Bryan GO&FUN Honda Gresini 2:05.313 4.751 15 / 40

sdfsdf

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.