На листата на откажани трки за 2020 денеска беше додадена и легендарната Муџело.

Иако претходно Дорна ја одложи трката во Италија заради Корона вирусот, денеска пристигна официјално соопштение според кое оваа сезона во Муџело нема да се одржи МотоГП трка.

IMGP7130 copy

Спектакуларната патека која првата трка ја организираше во 1976 година, и стана постојан дел од МотоГП календарот во 1991 година, во 2020 за прв пат нема да биде домаќин на најдобрите мотоциклисти во Светот.

„Со големо жалење морам да соопштам дека трката во Муџело е откажана. Не можеме да најдеме соодветна логистичка поддршка и заради бројните проблеми поврзани со Корона вирусот приморани сме да ја откажеме трката. Со гордост ја нарекувавме Италијанско Гранд При, а со искрено жалење соопштуваме дека оваа година нема да има трка во Тоскана. Од името на Дорна би сакал да им се заблагодарам на сите фанови за трпението и разбирањето додека очекуваме да се подобрат условите со вирусот.“ - изјави Кармело Ецпелета.

Back To Top