MotoGP

MotoGP: Нов почеток за Морбидели

MotoGP сезоната 2019 претставува нов почеток за возачот на Petronas Yamaha, Франко Морбидели. Поранешниот Moto2 шампион премина од тешката за возење Marc VDS RC213V машина на фабричката Yamaha која треба да биде иста со онаа која ја има неговиот ментор и менаџер, Валентино Роси.

Следете нè на:

 

Колкава промена ќе треба да направиш на твојот стил на возење?

„Ќе направам промена но таа нема да биде толку драстична бидејќи чувството кога го возите овој мотоцикл е одличено. Се чувствувам многу природно кога сум на него и се надевам дека тоа ќе продолжи и во иднина. Ќе продолжам да го правам она што ми го кажува мотоциклот. Претходниот мотоцикл беше прилично груб и се што се случуваше на него беше прилично брзо. “

Со оглед на времето кое го постигна на тестовите, се чини дека веќе се адаптираше на тимот?

„Секако, одлично е чувството кога ќе имате добро време, но тоа не значи ништо посебно бидејќи се работи само за тестови. Се уште ги учиме силните и слабите страни на мотоциклот. Се уште работиме за да откриеме каде треба да се подобриме, но тие работи доаѓаат постепено. Имаме добро време бидејќи имаме поставено добра основа но и мотоциклот е многу лесен за да се научи.“

Franco Morbidelli Text 14 01 2019

Дали борбата против Валентино ќе го промени вашиот однос?

„Тоа нема да промени ништо. Ние сме пријатели надвор од патеката. Всушност, тој ми е многу повеќе од пријател. Но кога сме на патеката се обидуваме да ја завршиме нашата работа и да го дадеме максимумот. После трката ние се уште сме пријатели.Поминуваме многу време заедно бидејќи почнав да тренирам со него од кога имав 12 или 13 години. Тоа беше дури и пред да се формира VR46 академијата. Веќе разговаравме за јаките и слабите страни на мотоциклот и се што се случува во тимот во моментов. Мислам дека од мене следната година очекува поинакви работи, да се борам за титулата и да победувам секоја недела.Можеби на некоја трка ќе можам и директно да се борам против него.“

Yamaha ни откри дека ти би требало да бидеш првата личност која ќе го добие фабричкиот мотоцикл во 2021 година. Дали тоа е и твојата цел?

„Секогаш кога излегувам на патеката се обидувам да постигнам најдобар резултат. Ако после овие две години тимот одлучи дека заслужувам фабрички мотоцикл, тогаш во ред. Ќе видиме што ќе се случи. Но, се зависи од тоа какви ќе ми бидат перформансите и дали заслужувам нов мотоцикл.“

Би можело да ве интересира

Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.

X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Без никакво сомневање, Италија би можела да се нарече центар на дизајнерските студија од целиот свет. Ајде одблизу да ја разгледаме Италијанската дизајнерска сцена на мотоцикли.

Гран При комисијата ги одложи до јуни задолжителните хомологациски правила за кацигите.

Во изминативе две години бевме малку изгубени, но сега знаеме по кој правец да се движиме и имаме поголем оптимизам – Валентино Роси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.