Хорхе Лоренцо вели дека не е сигурен дали ќе може да се бори за титула за време на неговата прва сезона во Repsol Honda. Пет кратниот Светски Шампион се најде на насловните страни на сите светски медиуми откако одлучи да премине од тимот на Ducati во фабричката екипа на Repsol Honda. Следната година, тој ќе биде тимски колега со актуелниот шампион Марк Маркез.

После два пост - сезонски тестови, во Валенсија и Херез, и вкупно четири дена поминати на RC213V, Лоренцо вели дека со нетрпение чека да продолжи со адаптацијата на неговиот стил на возење за тој да одговара на новиот мотоцикл. А додека објаснуваше дека мотоциклот на Honda повеќе му одговара отколку оној на Дucati, Лоренцо призна дека можеби ќе нема доволно време за целосно да се подготви за првата трка од сезоната која се вози во Катар.

„Не знам дали ќе бидам подготвен да се борам за титулата уште во првата сезона“,  изјави Лоренцо на девет дена пред стартот на подготовките. „Но секако дека ќе дадам се од себе за да бидам подготвен за првата трка од сезоната. Сепак, работите не се толку едноставни бидејќи имаме само три или четири тестови.“

„Морам да се борам против Марк Маркез кој е навистина добар возач и кој веќе шест или седум сезони се натпреварува со истиот мотоцикл. Но не е само тој. Тука е и Андреа Довициозо кој е веќе седма година во Ducati како и Валентино Роси кој повеќе од 10 години вози за Yamaha.“

„Има многу на возачи кои имаат големо искуство и ќе биде многу тешко да ги победам. Не знам дали ќе бидам подготвен за тоа.“

lorenzo motogp honda 2

Но и покрај ваквото признание, Лоренцо вели дека е среќен што има можност да настапи за својот трет фабрички MotoGP тим. Шпанецот го имаше своето деби во премиерната класа во 2008 година со тимот на Yamaha, каде освои три титули Светски Шампион, а потоа две години помина во тимот на Ducati.

„Имам успешна кариера и морам да признаам дека имав и многу среќа. Навистина сум среќен што имам можност да го правам она што го сакам и се досега имам успешна кариера. Освоив  неколку титули и имам голем број на победи. Кога бев дете, воопшто не помислував на нешто вакво. Како што веќе еднаш имам кажано, после првата титула во MotoGP, се она што следуваше потоа го сметам како вистински подарок. “

„Очигледно е дека ќе дадам се од себе а тоа е да победам. Тоа ќе биде навистина комплицирано, и во моментов сметам дека не сум еден од фаворитите за освојување на титулата. Но во MotoGP се е возможно.“

Лоренцо ќе биде дел од официјалното претставување на тимот кое ќе се случи на 23-ти Јануари во Мадрид а потоа ќе замина во Сепанг каде од 1-ви до 3-ти и од 6-ти до 8-ми Фебруари ќе се оддржат два теста.

Последниот официјален MotoGP тест ќе се одржи на патеката Лосаил во Катар од 23-ти до 25-ти Фебруари. MotoGP шампионатот почнува две недели подоцна.

Back To Top