MotoGP

Бривио: Suzuki ја постигна целта за 2018 година но се уште има притисок да се подобриме

Шефот на Suzuki, Давиде Бривио вели дека губењето на концесијата била главната цел на Suzuki минатата година. Предупредува дека следната сезона ќе има поголем притисок.

Следете нè на:

 

Шефот на Suzuki, Давиде Бривио вели дека губењето на концесијата била главната цел на Suzuki минатата година. Предупредува дека следната сезона ќе има поголем притисок.

Првиот човек на Suzuki Давиде Бривио вели дека била исполнета целта за минатата година, а неколкуте места на подиумот дури беа и над очекувањата. Сепак, предупредува дека тимот следната година го очекува поголем предизвик.

Јапонскиот производител минатата сезона вкупно девет пати се искачи на подиумот, пет за Алекс Ринс и четири за Андреа Ианоне.  Со ова тимот го подобри претходниот рекорд кој беше поставен во 2007 година кога имаа осум победи, меѓу кој и победата на Гран При трката на Франција кога на првото место заврши Крис Вермулен.

Со третото место кое Ианоне го освои на трката во Арагон, тимот ја загуби концесијата. Сега Бривио вели дека тимот треба да го подобри тој резултат.

„Нашата главна цел беше да ја загубиме концесијата што е можно побрзо. Бидејќи тоа го постигнавме многу рано во сезоната, можам да кажам дека 2018 година помина дури и подобро од очекувањата“, вели Бривио.

„Можеби звучи чудно кога го велам ова, бидејќи концесијата ни дава одредени предности, но за нас е поважно да бидеме на исто ниво со останатите тимови. Најголемата предност е развојот на моторот во текот на целата сезона, имате повеќе денови за тетирање а исто така можете да користите девет мотори наместо седум. Овие работи се важни но не се главни за да имате успешна сезона.“

„Сакам да мислам дека сега сме на едно ниво погоре и сме на ист ранг со Honda, Ducati и Yamaha. Ова е добро за нас. Ако постигнеме добри резултати и нашата самодоверба ќе порасне со оглед на тоа дека се направивме без никаква помош.“

Davide Brivio Text 14 01 2019

Шефот на Suzuki сепак е претпазлив бидејќи не сака да му се повторат настаните од пред две години кога тимот имаше навистина неуспешна сезона. Бривио вели дека тимот пора да постигне подобар резултат во споредба со 2018 година а една од целите е и победа на една трка. Последен возач кој победи за Suzuki во MotoGP беше Маверик Вињалес на трката која се возеше во Велика Британија во 2016 година.

„Нема никакво сомневање дека девет подиуми ви даваат прекрасно чувство но тие исто така се и предизвик бидејќи сега мораме да се подобриме“, вели Бривио. „Овие девет подиуми се најдобар резултат за Suzuki во MotoGP класата и затоа имаме притисок да го подобриме овој рекорд.“

„Но мора да има притисок бидејќи ова е тркање и мораме да се справиме со него.Се уште не знам како, но мораме да најдеме начин и да ги подобриме резултатите. Првиот и најголем сон ни е да победиме на една трка. Минатата година, четири пати завршивме на втората позиција. Од нив три беа на Алекс и затоа мислам дека природно би било за него да победи оваа година.“

Нов возач на тимот во сезоната 2019 ќе биде дебитантот Јоан Мир а Алекс Ринс ќе биде поискусниот возач и покрај тоа што само две години е дел од Suzuki. Тест возач на Јапонскиот тим ќе биде поранешниот шампион од Светскиот Супербајк шампионат, Силвиан Гуинтоли.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Марк Маркез вели дека е среќен што Романо Фенати повторно се бори за првото место.

Ова е мотоциклот со кој Џонатан Реа и Леон Хаслам победија на трката Suzuka 8-Hours.

Спортскиот директор на Ducati , Паоло Чиабати, ги објаснува причините зошто тимот за прв пат во својата историја се одлучи да настапи со четири мотоцикли кои имаат фабрички спецификации.

Тимскиот менаџер на Repsol Honda, Алберто Пуиг е среќен поради враќањето на патеката на Хорхе Лоренцо но не очекува тој да биде во врвна форма.

Листа на сите се познати договори кои возачи и тимовите ги имаат за 2020 година.

Лидерот на табелата Алекс Маркез ќе ја вози шестата сезона во Moto2 серијата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.