Во четвртокот Валентино Роси на прес конференцијата во Валенсија објави дека ја прекинува долгогодишната соработка со шефот на неговиот тим, Џереми Бурџес.

BYkZrXNCAAAYBho

Во четвртокот Валентино Роси на прес конференцијата во Валенсија објави дека ја прекинува долгогодишната соработка со шефот на неговиот тим, Џереми Бурџес.

„Докторот“ имаше долга и плодна соработка со шефот на неговиот тим, впрочем тие беа заедно цели 14 години, од периодот во кој Роси настапуваше во Хонда, па Јамаха, потоа преминаа заедно во Дукати за оваа сезона да се вратат во Јамаха, но нивниот заеднички пат завршува тука.

Ducati-Corse-Valentino-Rossi-Jeremy-Burgess-Pitbox-Sepang-test

Разочарувањето на Роси веројатно доаѓа од фактот дека во изминатите четири години нема никаков успех со Бурџес, многумина мислат дека кариерата на Роси е веќе завршена, но тој очигледно не се согласува со тоа.

„Ова беше моја одлука. Зборувавме очи во очи и му објаснив на Џери дека ми е потребна промена, како што кажа и тој самиот, ми треба нешто што ќе ме поттикне и ќе ме мотивира повеќе, и мислам дека ова е тоа.“ - изјави Роси на прес конференцијата во четвртокот.- Валентино Роси

Бурџес вчера за прв пат проговори за одлуката на Роси, според него, тој бил затекнат од целата ситуација, и сигурно не ја очекувал, но ја почитува одлуката на Роси. 

„Ние секогаш работевме на отстранување на проблемите, тоа го правевме и во изминатите четири години, а ова очигледно е решението за проблемите. Ова е следниот чекор во обидот Валентино да се врати на врвот, да ја продолжи кариерата и да биде конкурентен.- Џереми Бурџес

Бурџес имаше една критична изјава која многу медиуми не ја пренесоа во целост, на многу сајтови осамнаа наслови во кои се велеше дека шефот на тимот изјавил дека Роси веќе нема да победи, но всушност целата изјава на Бурџес беше: „Нема да освоиме титула повторно, се додека не почнеме да победуваме и да се вратиме на подиумот“. Ова сигурно не е причината за одлуката на Роси, но прашањето е што понатаму?

ROSSI BURGESS

Кој би можел да дојде на местото на нај успешниот тимски шеф во МотоГП? Ова секако означува нова ера во кариерата на Роси, но прашањето останува, дали е ова враќање на победничките патеки за Роси или дефинитивен крај на неговата кариера?

Back To Top