(Време на читање: 2 - 4 минути)


МотоГП шампионатот продолжува викендов со 4-та рунда која се вози на патеката Херез во Шпанија со почеток од 14 часот.

Start of the 2014 Spanish Grand Prix

МотоГП шампионатот продолжува викендов со 4-та рунда која се вози на патеката Херез во Шпанија со почеток од 14 часот.

circuits_4Нај возбудливата сезоната во последните години дојде до 4-та рунда, а шампионатот се сели во Европа откако се возеа трките за ГН на Катар, САД и Аргентина. Херез е техничка патека со должина од 4,4км на која не се развива голема брзина (максималната забележана е 295.5км/ч), а возачите имаат прилика да уживаат во вкупно 13 свиоци, 5 леви и 8 десни. 

Марк Маркез забележа победа во 2014 на Херез, но тој сеуште се опоравува од операцијата на малиот прст, па неизвесно е дали сега ќе може да искористи 100% од својот потенцијал. Во секој случај Маркез е фаворит за победата во Херез и ќе се обиде да ја поправи грешката од Аргентина кога дозволи во последниот круг да падне и да остане без бодови. Психолошкиот притисок е врз него, но сезоната е долга и сеуште има време за неговото враќање во полн сјај.

Водечкиот во шампионатот Валентино Роси минатата година беше втор на трката за ГН на Шпанија, а имајќи ја во предвид неговата форма можеме да очекуваме добра трка. Роси од самиот старт годинава најави дека ќе атакува на 10-та титула во кариерата, а досегашните настани во изминатите три трки се во негов прилог.

Минатата година на оваа патека Дани Педроса беше трет но како што веќе најавивме тој сигурно нема да ја вози оваа трка, а најверојатно ќе биде подготвен за следната која се вози во Франција за две недели. Во меѓувреме во тимот на Хонда на негово место трет пат по ред ќе вози Хироши Аојама. 

Тимот на Дукати кој е изненадување на сезоната ќе се обиде да покаже дека GP15 е мотор кој е конкурентен и на патеки како Херез, иако на досегашните трки беше видлива нивната предност на правците. Довициозо најавува борба во Шпанија и се надева конечно дека ќе се искачи на највисокот место на пиедесталот.

Не очекува возбудлив викенд во кој повторно е тешко да се предвиди противникот, затоа и ќе се потрудиме да ги наградиме сите кои ќе бидат успешни во тоа. Се што треба да направите е да го следите нашиот фејсбук пејџ каде ќе бидат објавени правилата.

Како и до сега пренос во живо од сите возбудувања ќе има на СпортКлуб 3 каналот според следниот распоред:

SK3 Петок (01.05.2015)
09:00 Moto GP Jerez – тренинг 1 Moto 3 во живо
09:55 Moto GP Jerez – тренинг 1 Moto GP во живо
10:55 Moto GP Jerez – тренинг 1 Moto 2 во живо
13:10 Moto GP Jerez – тренинг 2 Moto 3 во живо
14:05 Moto GP Jerez – тренинг 2 Moto GP во живо
15:05 Moto GP Jerez – тренинг 2 Moto 2 во живо
SK3 Сабота (02.05.2015)
09:00 Moto GP Jerez – тренинг 3 Moto 3 во живо
09:55 Moto GP Jerez – тренинг 3 Moto GP во живо
10:55 Moto GP Jerez – тренинг 3 Moto 2 во живо
12:35 Moto GP Jerez – квалификации Moto 3 во живо
13:30 Moto GP Jerez – тренинг 4 Moto GP во живо
14:10 Moto GP Jerez – квалификации Moto GP во живо
15:05 Moto GP Jerez – квалификации Moto 2 во живо
SK3 Недела (03.05.2015)
08:40 Moto GP Jerez – Загревање Moto 3 во живо
09:10 Moto GP Jerez – Загревање Moto 2 во живо
09:40 Moto GP Jerez – Загревање Moto GP во живо
11:00 Moto GP Jerez – Трка Moto 3 во живо
12:20 Moto GP Jerez – Трка Moto 2 во живо
14:00 Moto GP Jerez – Трка Moto GP во живо

За они кои го немаат СпортКлуб 3 каналот во својата ТВ понуда, стриминг од трката ќе биде достапен на: http://www.sportcategory.com/c-10.html

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: