„По одлично извозениот тренинг и квалификации, завршувањето на петото место е малку фрустрирачки“ - Кал Кратчлоу.

cal-katar

„По одлично извозениот тренинг и квалификации, завршувањето на петото место е малку фрустрирачки“ - Кал Кратчлоу.

Кал Кратчлоу го дефинираше својот статус на фаворит во поголемиот дел од гран при викендот во Катар и беше дел од возбудлива борба за место на подиумот се додека не направи грешка.

Стартувајќи како втор, возачот на Monster Yamaha Tech 3 помина поголем дел од трката позади возачите на Repsol Honda, Дани Педроса и Марк Маркез.

Валентино Роси се приклучи на групата во завршната фаза од трката, а потоа Италијанецот го помина Кратчлоу на главниот правец.

Англичанецот направи грешка при влегувањето во првиот свиок, и ја заврши борбата за место на подиумот. Сепак инцидентот не го чинеше дополнителни позиции и Кратчлоу остана како најдобро пласиран сателитски возач.

„По одлично извозениот тренинг и квалификации, завршувањето на петото место е малку фрустрирачки,“ призна Кратчлоу. „Моето темпо ветуваше и мислам дека заслужив да се најдам на подиумот, но видливо беше дека ми недостига брзина на правецот.“

„Морав да ризикувам во свиоците за да ја намалам разликата. Доколку успееме да го решиме тој мал проблем, не се сомневам дека ќе можам да ги предизвикам момците на врвот.“

„Беше добра битка со Дани и Марк. Одличен беше и Валентино бидејќи јас бев повеќе од 3 секунди пред него но тој сепак ме претекна. Тој возеше одлично но исто така одличен беше и Хорхе кој покажа дека ќе биде главен фаворит.“

„Беше одлична вечер за Yamaha но и за Monster Yamaha Tech 3 тимот бидејќи покажав дека можам да се борам за место на подиумот. Првите четворица се најдобрите возачи на најдобрите моторцикли но јас ги притискав најмногу што можев се додека една мала грешка не ме спречи во тоа.“

„Јас сум веднаш зад нив и се надевам дека повторно ќе бидам при врвот на трката во Остин.“

Неговиот тимски колега, дебитантот Бредли Смит излета од патеката.

Да потсетиме, трката во Остин се вози на 21 април.

Back To Top