„Имавме неверојатна трка. Во сите свиоци возев над лимитот“- Маверик Вињалес

Маверик Вињалес смета дека и покрај тоа не успеа да се искачи за прв пат на подиумот во премиерната класа, конечно успеал да го постигне полниот потенцијал со еден MotoGP мотоцикл.

Дваесет и едногодишниот Шпанец имаше одличен настап во Неделата. Успеа и да го претекне Валентино Роси и да се најде на второто место што ќе претставуваше негово дебитантско место на подиумот како и прво за Suzuki по 2008 година.

PA1885372.0008

Но тоа траеше се додека не налета на еден влажен дел на патеката – на истото место каде што Хорхе Лоренцо, Алеш Еспаргаро и Кал Кратчлоу доживеаа несреќа. „Се обидував да избегам од Валентино“, објасни Вињалес.

И покрај тоа што на почеток беше разочаран поради инцидентот – камерите ги снимија неговите тимски колеги како го тешат - Вињалес е задоволен бидејќи докажа дека е подготвен и способен да се натпреварува со најдобрите возачи.

„Секако дека сум разочаран бидејќи местото на подиумот беше мое. Ќе завршев на второто место. Но навистина сум среќен бидејќи на сите им го покажавме нашиот потенцијал. Исто така докажавме и дека на трката во Катар имавме еден пневматик кој што не беше баш најдобар. Не можевме да се најдеме на подиумот,“ изјави Вињалес.

„Но во секој случај, направивме одлична работа. Да се биде меѓу најдобрите шест беше одлично за нас. Имавме неверојатна трка. Во сите свиоци возев над лимитот . Го дадов најдоброто од себе и навистина сум задоволен дека можам да го искористам целиот потенцијал на мотоциклот бидејќи во претходните трки тоа беше невозможно.“

Вињалес беше разочаран бидејќи ја немаше потребната брзина за да се натпреварува со најдобрите возачи во Катар и сега мисли дека проблемите со пневматикот го предизвикале тоа.

Во однос на трката во Остин, местото каде што ја оствари својата прва Moto2 победа, возачот на Suzuki смета дека може да продолжи да вози во ист стил.

„Мислам дека гумата беше проблемот во Катар бидејќи тука имавме напредок. Само треба да останеме смирени и да продолжиме со напорната работа.“

Постојат шпекулации дека Вињалес е главна цел на Yamaha доколку Хорхе Лоренцо одлучи следната сезона премине во Ducati.

Back To Top