MotoGP

MotoGP: Фантастична победа за Педроса во Херез

Дани Педроса успеа да постигне убедлива победа на трката која се одржа во Шпанија. За прв пат по 2015 година тој успеа да стартува од пол позицијата и остана на првото место до самиот крај.

Следете нè на:

 

Дани Педроса успеа да постигне убедлива победа на трката која се одржа во Шпанија. За прв пат по 2015 година тој успеа да стартува од пол позицијата и остана на првото место до самиот крај. Трката која се оддржа во Херез беше 3000 во Светскиот шампионат. На второто место се најде актуелниот шампион Марк Маркез, а трет беше Хорхе Лоренцо.

dp 1

Иако разликата меѓу првите двајца возачи во текот на трката постојано варираше, Маркез сепак не успеа да го претекне Педроса. Со оваа победа продолжува серијата од 16 години по ред како еден Шпански возач успева да оствари победа на трка од Светскиот шампионат.

Лоренцо имаше извонреден настап пред домашната публика и успеа за прв пат да се искачи на подиумот со тимот на Ducati. Добар настап имаше и актуелниот Moto2 шампион, Јохан Зарко, кој заврши на четвртото место, а веднаш зад него беа Андреа Довициозо и Маверик Вињалес.

Трката ја одбележаа и голем број на излетувања меѓу кои и оние на Кал Кратчлоу, Андреа Ианоне, Пол Еспаргаро, а кога и Алваро Баутиста излета од патеката со себе го повлече и Џек Милер.

Во генералниот пласман сеуште водечки е Валентино Роси иако имаше разочарувачка трка која ја заврши на 10-та позиција.

Скот Редин беше најдобриот британски возач и на крајот успеа да заврши на единаесетото место. Бредли Смит ги освои првите бодови за КТМ откако заврши како четиринаесети, а Сем Ловс, кој заврши како шеснаесети, го постигна својот најдобар резултат во MotoGP.

 

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.