Очекувавме да се мачиме на оваа патека и токму тоа и се случи. И мотоциклот и мојот стил на возење не одговараат на оваа патека, а мислам дека и некои многу мали работи влијаеа на трката. - Довициозо

Андреа Довициозо вели дека не го загрижува разликата која изнесува 16 поени зад Марк Маркез. Веднаш по трката која се возеше во Арагон, Довициозо изјави дека очекувал оваа патека да биде една од потешките трки за него оваа сезона и додаде дека борбата за титулата се уште е отворена.

dovi aragon

Патеката во Арагон е една од нај непосакуваните трки за Ducati и за Довициозо. По трката на која заврши на седмото место, Довициозо изјави дека знаел дека оваа патека ќе биде само еден посериозен тест за него и за тимот.

„Очекувавме да се мачиме на оваа патека и токму тоа и се случи. И мотоциклот и мојот стил на возење не одговараат на оваа патека, а мислам дека и некои многу мали работи влијаеа на трката. Загубивме многу во свиоците, а доколку имавме повеќе време за тренинг мислам дека ќе можев да се борам со Маверик и Валентино. Но никогаш немаше да можам да се борам со Марк.“

Сепак, Довициозо е убеден дека работите ќе се променат до самиот крај на шампионатот.

„Секако дека ова не беше најдобрата трка и загубивме поени. Но сепак има уште четири трки до крајот. Ќе биде тешко бидејќи Марк е многу брз на секоја патека и на сите услови, а исто така и Маверик е многу добар. Но мислам дека и ние имаме шанси.“

„Добрата работа кај овој шампионат е дека секој момент нешто може да се промени. Некогаш тоа е позитивно, а некогаш негативно, но сепак мислам дека имаме шанса да се бориме за титулата.“

Back To Top