Возачот на Monster Tech 3 Yamaha, Јонас Фолгер, ги брои часовите до неговиот деби настап во MotoGP

Јонас Фолгер е среќен бидејќи чекањето конечно заврши и наскоро ќе го има своето деби во MotoGP на трката која овој викенд ќе се оддржи во Катар.

folger gp

Дебитантот од Германија имаше импресивен настап за време на зимските тестови и ги зголеми очекувањата за претстојната сезона.

Фолгер признава дека постигнал голем напредок на сателитскиот М1, а сега сака да постигне добар резултат на трката која ќе се оддржи во недела.

„Мојата екипа и јас сме многу возбудени и мотивирани во пресрет на новата сезона. Со нетрпение чекаме да излеземе на патеката. После толку долго чекање конечно е време за акција. Имавме позитивни зимски тестови и на секој од нив остваривме голем напредок.“

„Во однос на последниот тест во Катар, морам да признаам дека уживав за време на настапот бидејќи моето темпо беше одлично а испробавме и голем број на други работи. Ги потврдивме и некои од главните сетинзи на мотоциклот.  Имаме голема самодоверба во пресрет на трката бидејќи знаеме на каде треба да се движиме и имаме поставено солидна основа.“

За време на тестот во Катар Фолгер го постигна осмиот најдобар резултат со заостанување од 0.477 секунди зад возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес.

Back To Top