MotoGP

MotoGP: Aspar Ducati ќе се ребрендира во чест на Анхел Нието

Екипата на Pull&Bear Aspar Ducati во следната сезона ќе го промени своето име во чест на поранешниот светски шампион Анхел Нието, кој почина пред половина година.

Следете нè на:

 

Тимскиот шеф, Хорхе Мартинез Анхел, кој е исто така поранешен шампион и кој беше еден од најголемите пријатели но и ривали на Нието, одлучи да го промени името на тимот во чест на Шпанецот. Тимот следната сезона исто така ќе добие нов член, синот на Анхел, Гелете, кој веќе го имаше своето деби во тимот на Aspar. Тој ќе им се приклучи како спортски директор.

nieto angel

„Можеше да научиш многу работи само ако бидеш покрај него. Анхел им помогна на многу луѓе меѓу кои сум и јас. Тој беше важен дел од мојот живот исто како и неговите синови и внуци. Анхел беше навистина возбуден поради овој проект. Ми веруваше кога му дадов шанса на неговиот син Гелете да дебитира во тимот. Тогаш ми кажа: Знам дека со тебе ќе научи многу. Можноста да му оддадам почит и да продолжиме со овој проект заедно со неговиот син ми преставува големо задоволство.“

„Анхел беше причината зошто толку многу Шпанци , вклучувајќи ме и мене, одлучивме да ги посветиме нашите животи на тркањето. Благодарение на него ги имаме најдобрите фанови во светот. Тој засекогаш ќе живее во нашите срца.“

Гелете, кој заедно со брат му Пабло и неговиот внук Фонси се дел од тимот Aspar, вели дека е пресреќен што има можност да продолжи со оваа пасија која е дел од неговото семејство.

„Моите први чекори во тркањето ги направив со Хорхе Мартинез и тој ме однесе до првото место на подиумот на Европскиот и шампионатот на Шпанија. Тој отсекогаш бил важен дел од нашето семејство и заедно со него сега ќе почнам ново поглавје во мојот професионален живот. Мотоциклите беа дел од неговиот живот и преку овој тим ќе се погрижиме таа негова пасија да продолжи да живее.

Би можело да ве интересира

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.