MotoGP

MotoGP Америка: Одличниот Маркез го зголеми водството - лоша трка за Роси и Довициозо

Возачот на Repsol Honda Марк Маркез го зголеми водството во генералниот пласман откако ја оствари четвртата последователна победа на патеката во Остин.

Следете нè на:

 

Марк Маркез оствари две последователни победи во MotoGP шампионатот и ја зголеми предноста во генералниот пласман. Возачот на Repsol Honda кој победи и на трката која се оддржа во Аргентина минатата недела, го задржа неговиот рекорд на патеката во Остин. Тој уште од 2013 година не загубил на оваа патека.

Во уште една трка исполнета со инциденти, Валентино Роси излета уште во третиот круг. Претходно тој беше на шестото место веднаш зад возачот на Suzuki, Алеш Еспаргаро.

Несреќниот Андеа Довициозо - кој беше соборен од својот колега во последниот круг на минатата трка - повторно доживеа слична судбина. Овојпат виновен беше возачот на Repsol Honda, Дани Педроса. Шпанецот загуби контрола над својот мотоцикл на почетокот на седмиот круг. До тој момент, парот беше во борба за третото место, а ваквиот развој на настаните го искористи Јанон кој успеа да се искачи на подиумот.

PA1891490.0008Четврта победа по ред за Маркез во САД

Педроса повторно се приклучи на трката но сепак во дванаесетиот круг реши да се повлече и отиде во гаражата на Ducati каде му се извини на Довициозо.

Возачите на LCR Honda и Monster Tech 3 Yamaha, Кал Кратчлоу и Бредли Смит излетаа во речиси идентичен момент.

За разлика од инцидентите, Маркез имаше мирна трка. Тој го презеде водството уште на самиот почеток на трката откако Лоренцо направи голема грешка на стартот. Довициозо ја искористи брзината на Ducati и успеа да се најде на второто место после почетниот круг. Италијанецот се обиде да го престигне и Маркез, но не успеа во својата намера.

Возачот на Movistar Yamaha, Валентино Роси, излета од патеката уште во третиот круг во моментот кога се обидуваше да го престигне Еспаргаро. За среќа, мина без повреди.

Маркез успеа да направи значителна предност во однос на Довициозо кој исто така имаше предност пред Лоренцо кој се наоѓаше на третата позиција. Но сепак, до петиот круг, Лоренцо успеа да му се приближи на Довициозо и се обиде да го претекне.

Во меѓувреме, имаше борба и за седмото место меѓу Рединг, Маверик Вињалес и Кратчлоу. Кал Кратчлоу не издржа до крај.

Андреа Јанон имаше среќа и се најде на третото место откако Дани Педроса не успеа да го исконтролира мотоциклот и директно се удри во несреќниот Довициозо. 

Маркез продолжи да го зголемува водството, а Лоренцо и Јанон се најдоа на второто и третото место. На крајот, Маркез имаше 6.1 секунда предност пред Лоренцо кој заврши како второпласиран. Јанон кој беше на третото место имаше заостанување од 4 секунди во однос на Лоренцо.

Во интересна битка за четвртото место, Маверик Вињалес успеа да го победи својот тимски колега Еспаргаро. Британецот Скот Рединг заврши на шестото место.

Возачот на Monster Tech 3 Yamaha, Пол Еспаргаро заврши на седмото место со предност од само шест десетинки во однос на возачот на Pramac Ducati, Микеле Пиро. Хектор Барбера од Avintia Ducati и Штефан Брадл од Aprilia ја комплетираа листата на првите десет возачи.

Ирецот Јуџин Лаверти заврши на единаесетото место пред Тито Рабат и Јони Хернандез.

Лорис Баз, кој падна уште во првиот круг, заврши на петнаесетото место, а Кал Кратчлоу, кој имаше несреќа во единаесетитот круг,  успеа да ја извози трката и на крајот се најде пред својот сонародник Бредли Смит.

 

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.