MotoGP

Милер: Блиску сум до продолжување на договорот

„Имав и други опции но мојата цел беше да останам тука. Само што почнавме да се искачуваме на подиумот.“

Следете нè на:

 

„Имав и други опции но мојата цел беше да останам тука. Само што почнавме да се искачуваме на подиумот.“

Џек Милер откри дека е многу блиску до продолжување на договорот со Pramac Ducati. И покрај тоа што се појавија шпекулации дека одложувањето на потпишувањето на договорот е поради несогласувања околу финансиите, 24 годишниот возач неодамна дозна дека менаџментот преговарал со Хорхе Лоренцо.

Но пристигнувањето на Паоло Чампиноти на патеката во Австрија се чини дека го забрза процесот на обновување на договорот .

„Мислам дека се ќе биде познато во следните часови или денови“ , изјави Милер. „Многу работи ќе бидат познати до утре.“

Според Германската интернет страна Speedweek.com, КТМ е подготвен да му даде шанса на Милер, откако Јохан Зарко побара да му биде раскинат договорот со тимот.

„Имав и други опции но главната цел ми беше да останам тука. Мислам дека во иднина ќе бидеме уште подобри и сакам да бидам дел од тоа.“

„Напорно работев за да стигнам до тука и сега не сакам да се вратам еден чекор назад.“

 DSC5388

Иако Милер пропушти шанса да се искачи на подиумот, викендот сепак беше успешен за него. 24 годишниот возач успешно ја стартуваше трката и беше на четвртата позиција се до моментот кога излета надвор од патеката.

„Успеав да ја задржам мојата позиција. Сепак, Алекс Ринс беше малку агресивен во првиот круг. Успеав да го претекнам и потоа се чувствував удобно. Возев во посакуваниот ритам. “

„Се доближив до Фабио во свиокот број четири и за малку не се удрив во него. Се чини дека забавувањето кај Yamaha е многу побрзо отколку кај нас. Загубив можеби половина секунда но успеав за брзо време да ја надополнам разликата. Се обидов да ги сочувам пневматиците за крајот на трката. “

„Кога излегов од свиокот број осум бев малку несигурен на мотоциклот и за неколку метри го пропуштив местото каде што требаше да притиснам на сопирачките. Поради тоа премногу широко влегов во свиокот, излетав надвор од патеката и паднав. Едноставно загубив контрола.“

„Знам точно што се случи и каде погрешив. Токму тоа ги прави работите уште полоши. Чувствував дека имам се под контрола, внимавав на пневматиците. Навистина е штета ова што се случи.“

„Затоа денеска се чувствувам малку разочарано бидејќи пропуштивме можност да се искачиме на подиумот. Можеби требаше поинаку да изреагирам и да загубам само неколку секунди. “

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

На почетокот од месецов во Скопје се оддржа првиот Тренинг за безбедно управување мотоцикли во организација на мото клубот Безбедност.

Хорхе Лоренцо ќе се повлече од мото трките.

Валентино Роси дојде до моментот кога треба да одлучи  дали ќе ја продолжи MotoGP кариерата или ќе замине во пензија. Поранешниот ривал Макс Бијаџи има поинаква идеја.

Меморандумот ги поставува основите за нова земја да може да се приклучи на календарот.

EICMA не е само најдоброто место каде што можат да се видат најновите мотоцикли туку е и одлична можност за тимовите да ги престават своите нови возачи.

После 18 трки низ 15 различни држави, голем број на победи, возбудувања и Motul Super Fan настапи, дојдовме до финалната трка.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.