Петкратниот МотоГП шампион, Австралиецот Мик Дуан верува дека шампионатот нема да биде ист без легендарниот Валентино Роси.

doohan-rossi

Петкратниот МотоГП шампион, Австралиецот Мик Дуан верува дека шампионатот нема да биде ист без легендарниот Валентино Роси.

Секакви приказни се платат околу иднината на „Докторот“, а познато е дека почетокот на следната сезона ќе биде пресудна за 34 годишниот Италијанец. Како што и самиот изјави (иако подоцна демантираше дека ќе се повлече), целта е да докаже дека сеуште може да се натпреварува со фантастичните Марк Маркез, Дани Педроса и Хорхе Лоренцо.

Враќањето на Роси на YZR-M1 во 2013 донесе само една победа и четврта позиција на дури осум трки, што е далеку од посакуваната форма за човек кој се стреми кон својата 10-та титула во кариерата.

Роси е еден од неколкуте врвни возачи кои по 2014 ќе останат без договор, па затоа и незивесно е каде и дали воопшто ќе ја продолжи кариерата. Тој се натпреварува во МотоГП шампионатот веќе 18 сезони (2014 ќе биде негова 19-та), има освоено вкупно 9 титули и 80 победи во досегашната кариера.

Според Дуан токму ова е причината за слабата форма на Роси. Тој смета дека возраста на Роси, како и неговото искуство не му дозволуваат да превземе ризици како што тоа го прави младиот Маркез кој ја освои шампионската титула во својата прва МотоГП сезона со само 20 години.

Нему не му се допаѓа тоа што не победува, иако сеуште ја има поддршката од фановите ширум светот, исто како и кога победуваше. Спортот ќе биде осиромашен без него. Знам дека четврто место не е доволно добро за Роси, но реално гледано многу е подобро од минатогодишниот „успех“. Мислам дека неговото искуство сега работи против него, го спречува да притиска повеќе од она што е безбедно. Но немојте да се сомневате во Валентино. Очекувајте тимот да го среди моторот токму онака како што тој сака, а потоа ќе може да притиска и повеќе од сега. Тоа не значи дека ќе биде брз како и другите тројца. Знаете тие се во период на кариерата во кој „сакаат и треба да го сторат тоа“, за разлика од Роси, кој во моментов е „добро би било повторно да го направам тоаИзјави Дуан во интервјуто за MCN
Back To Top