„Ако работиме напорно во текот на викендот, во Сан Марино повторно очекувам да се борам за место на подиумот“ – Марк Маркез

Марк Маркез успеа да ја зачува предноста во MotoGP Светскиот Шампионат по тешкиот викенд кој го имаше на патеката во Силверстоун.  Возачот на Repsol Honda сега има за цел да ја зголеми предноста пред останатите возачи на трката која ќе се оддржи овој викенд во Мисано.

Маркез беше дел од жестоката битка за второт место со Валентино Роси и Кал Кратчлоу за време на Гран При трката на Велика Британија. Сепак, тој имаше мал контакт со Крачлоу и излета од патеката и на крајот заврши на четвртото место.

Маркез загуби само три поени во однос на ривалот од Movistar Yamaha и заминува на трката која ќе се оддржи во Италија со предност од 50 поени.

„Постигнавме добар резултат во Англија и покрај тоа што не го направивме вистинскиот избор со предните пневматици. На крајот загубивме само три поени. Сега заминуваме во Мисано на патека која е доста поинаква, која има многу свиоци и е бавна,“ изјави Маркез.

„Ако работиме напорно во текот на викендот, во Сан Марино повторно очекувам да се борам за место на подиумот. Среќен сум што ќе се натпреварувам во Италија и се надевам дека времето ќе биде добро.“

Маркез има импресивен рекорд на патеката во Мисано. Минатата сезона тој заврши на првото место а во 2013 година беше втор. На оваа патека има победено и во Moto 2  класата во 2011 и 2012 година. Во 2010 година исто така заврши на првото место но во категоријата од 125cc.

Back To Top