„Сигурно ќе бидам нервозен пред мојата прва MotoGP трка, но исто така сум и возбуден“ - Марк Маркез

marquez high

„Сигурно ќе бидам нервозен пред мојата прва MotoGP трка, но исто така сум и возбуден“ - Марк Маркез

За прв пат по Хорхе Лоренцо во 2008 година, еден MotoGP дебитант ќе ја започне својата прва трка во премиерната класа со големи шанси за победа.

Moto2 шампионот Марк Маркез- кој е замена за Кејси Стонер во Repsol Honda-беше одличен на предсезонските тестови во Сепанг и Остин.

На последниот тест во Херез, тој заврши на шестото место. Но и покрај тоа многумина веруваат дека 20 годишниот возач може да изненади и да им се придружи на Макс Бијаџи (1998) и Јарно Саринен(1973) , единствените двајца возачи кои оствариле победа во дебитантска трка во премиерната класа.

Сонародниците на Маркез, Хорхе Лоренцо (2008) и Дани Педроса (2006), кои исто така беа победници во средната класа, завршија на втората позиција на нивната деби трка.

Маркез цврсто стои на земјата во пресрет на овој викенд.

Имавме добри тестирања во текот на зимата и сега е време да се натпреваруваме. Катар не е една од моите омилени патеки но сепак уживам кога возам на неа. Постојат многу фактори кои треба да се разгледаат. Ќе има песок од пустината  а и фактот дека ќе биде ноќна трка.

Исто така, како што забележав во Херез, има голема разлика помеѓу MotoGP и  Moto2 моторциклите, па ќе ни биде потребно малку време. Сигурно ќе бидам нервозен пред мојата прва MotoGP трка, но исто така сум и возбуден.

изјави Маркез.

Можеби победа во првата трка не изгледа реално, но малкумина би биле изненадени доколку Маркез води на патеката во некоја фаза од трката, пред евентулно да заврши во борба за последното место на подиумот со Валентино Роси.

Доколку работите не излезат како што посакува Маркез, тој ќе може да се теши со фактот дека седумкратниот шампион Роси не успеа да ја заврши неговата дебитантска трка во 2000 година.

Слободните тренинзи за ноќната трка во Катар ќе започнат во четврток навечер. 

Back To Top