MotoGP

Маркез има за цел да освои три титули

Маркез ќе атакува и на преостанатите две титули, кај конструкторите и тимовите.

Следете нè на:

 

Марк Маркез вели дека и покрај тоа што ја обезбеди MotoGP титулата за време на трката во Јапонија, го очекува уште многу работа до крајот на сезоната со оглед на тоа дека планира да освои уште две титули. Иако во моментов има мала предност, Шпанецот вели дека дека до крајот на сезоната не смее да направи премногу грешки.

mm 4

„Одлично е чувството што дојдов тука во Австралија со веќе освоена титула и навистина сакам да уживам до крајот на сезоната. Секако дека до крајот ни остануваат уште титулите кај конструкторите и тимовите и затоа ќе се обидеме да ги задржиме истите перформанси и да победиме на што е можно повеќе трки бидејќи тие се важни како за нас така и за Honda.“

„Ми се допаѓа патеката Филип Ајленд. Таа е брза и е одлична за публиката. Само се надевам дека времето ќе биде добро бидејќи за многу краток период може да се смени од сонце на дожд и ветер. Ќе видиме што ќе се случи но ние дефинитивно ќе се обидеме да победиме.“

„Како и на секоја трка, и тука ќе го дадеме најдоброто од нас. Мислам дека оваа патека е една од омилените на сите возачи, а тоа значи дека има најмалку десет возачи кои имаат реални шанси за победа. Единствената разлика е во тоа што после освојувањето на титулата, Марк Маркез нема што да загуби.“

„Во однос на моменталната ситуација кај конструкторите, нашата првична цел беше да завршиме меѓу најдобрите шест тима. Во моментов сме петти но иако Маверик е секогаш добар на последните неколку трки од сезоната, ќе се обидеме да се пробиеме до најдобрите четири тимови. Сигурен сум дека веќе ќе бевме таму доколку успеев да ги завршам сите трки од сезоната. Но тоа е веќе зад нас, сега мораме да се фокусираме на она што не очекува.“

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека е убеден дека може да се бори за титулата.

„Сиахрин мора да покаже напредок и подобрување но исто така и да ја намали разликата со тимскиот колега“ – Ерв Поншарал

Кени Робертс зборува за MotoGP сезоната 2019, аеродинамиката, Марк Маркез, недостатокот на возачи кои доаѓаат од САД и уште неколку други работи.

Веќе ви имаме кажано дека Suzuki планира да престави нов модел на пазарот. Сега добивме информација дека големиот оф роуд мотоцикл е забележан на патиштата во Италија.

Еден од најинтересните модели кои ги видовме на мото шуто во Остин, Тексас, беше рачно изработениот мотоцикл на Revival Cycles наречен, Birdcage.

Викендов на патеката Серез во Грција се возеше втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на кој настапија 6 македонски возачи.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.