Новиот Светски шампион, Марк Маркез, на патеката Мотеги во Јапонија присуствуваше на прославата на Хонда за успесите кои тимот ги имаше во 2013 година.

hrc-proslava-3

Новиот Светски шампион, Марк Маркез, на патеката Мотеги во Јапонија присуствуваше на прославата на Хонда за успесите кои тимот ги имаше во 2013 година.

Одличното време им одеше во прилог на повеќе од 10000 фанови кои имаа можност да присуствуваат на настанот. На „Honda Racing thanks day 2013“ илјадници фанови на хонда беа дел од сесиите за автограми, прашања и одговори со возачите на Хонда, а за крај фановите можеа да проследат и два парадни круга од возачите на Хонда на овалната патека.

Одлично е доаѓањето на Мотеги заедно со пријателите од HRC. Ја славиме титулата заедно со спонзорите, а потоа продолжуваме со забава во Токио. На денешниот настан времето беше прекрасно, уживавме во последниот ден поминат на стаза за оваа година. За жал славењето ќе мораме да го прекинеме утре заради обврските кои ги имаме на доделувањето награди од ФИМ, но ова беше одличен настан.- Марк Маркез

Back To Top