MotoGP

Марк Маркез зборува за сезоната 2021

Возачот на Repsol Honda, Марк Маркез, зборува за можните ривали во сезоната 2021 и колку време ќе му треба за да биде повторно 100% подготвен.

Следете нè на:

 

Возачот на Repsol Honda, Марк Маркез, зборува за можните ривали во сезоната 2021 и колку време ќе му треба за да биде повторно 100% подготвен.

Поранешниот шампион, Марк Маркез, ќе влезе во новата сезона со голема несигурност. Возачот на Repsol Honda ќе го пропушти тестот во Катар но и покрај тоа има позитивен став во однос на новата сезона. Останува да видиме дали тестот ќе биде единственото нешто што ќе го пропушти осумкратниот шампион.

На неодамнешната презентација на HRC, покрај Маркез присутен беше и неговиот нов тимски колега, Пол Еспаргаро. Маркез ја искористи оваа можност да зборува за тоа што му недостасувало минатата година, колку време ќе му треба за повторно да се навикне на мотоциклот и кои би можеле да му бидат главните ривали во 2021-ва.

На прашањето што му недостасува најмногу во однос на тркањето, Маркез изјави дека се наоѓа во тешка ситуација и дека почнале да му недостасуваат работи на кои во минатото никогаш не ни помислувал. „Секако дека ми недостига тимот. Но ми недостига и тркањето, адреналинот.“

„Обично не сакам вакви настани но морам да признаам дека сега тие ми недостасуваат.После секоја повреда, прво нешто што ви недостига е тркањето, да се вратите на патеката и да продолжите да возите.“

„Потоа почнува да ви недостига тимот, атмосферата на патеките. Кога ќе ги пропуштите трките, почнувате да забележувате дека ви фалат интервјуата, новинарите. “

 DSC4518 copy

Иако не сакаше да зборува многу во однос на тоа кои би можеле да бидат главните конкуренти за титулата, Маркез сепак изјави: „Воопшто не се грижам кој ќе биде најсилниот бидејќи јас имам други цели. Но, за да ви одговорам на прашањето, мислам дека тоа се Yamaha, Ducati и Suzuki .“

„Мораме да ги кажеме Suzuki бидејќи Жоан Мир е шампион. Тој е возачот кој треба да ја одбрани титулата. Suzuki завршија одлична работа минатата година и затоа тие сега се тимот кој останатите возачи треба да го победат. Но и Yamaha, Ducati па дури и КТМ со Оливеира завршија одлична работа. “

Го прашавме Маркез и колку време смета дека ќе му биде потребно да се адаптира на новиот мотоцикл.

„Ова е тешко прашање бидејќи за прв пат во кариерата , можеби десет месеци се немам качено на мотоциклот. Секако дека нема веднаш да бидам 100 проценти подготвен . Најдобра опција е веднаш да бидам подготвен штом ќе се качам на мотоциклот но знам дека тоа е тешко. Ќе видиме дали ќе ми треба една, две трки или пак половина сезона за повторно да бидам стариот Марк.“

Првата трка од сезоната треба да се оддржи на 28-ми март на патеката во Лосаил. Сите погледни, на фановите, тимовите и екипите, тогаш ќе бидат насочени кон Маркез за да видат каква е неговата форма.

Би можело да ве интересира

Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин на третата трка во сезоната. Во продолжение следува распоредот за сите сесии.

Ривалите на Французинот добро се сеќаваат на минатата година. Но ова е 2021-ва и ништо не е гарантирано.

Хорхе Лоренцо вели дека Марк Маркез возел без никаков страв на првата трка после долгата пауза која ја имаше поради операцијата на раката. Според поранешниот шампион, лошиот баланс помеѓу предната и задната гума е главната причина за излетувањата во Портимао.

Suzuki претстави подобрена верзија на GSX-S1000. Новата машина сега е помоќна од било кога досега.

Реа и ZX-10RR беа подобри од Кал и М1 на патеката во Арагон.

Од вториот до осмиот круг има најголемо оптоварување врз сопирачките. Пред крајот на трката, притисокот врз нив се намалува за 20 проценти, велат од Brembo.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.