Поранешниот шампион возеше со RC213V-S на патеката во Барселона.

Шансите Марк Маркез да се појави на патеката за време на првата трка од сезоната во Катар, од ден на ден стануваат се поголеми. Откако докторите му дозволија да ги засили тренинзите, осум-кратниот шампион се појави на патеката во Барселона.

„После осум месеци пауза и откако докторите дозволија да ги засилам тренинзите, навистина е убаво чуството кога ќе се вратите на патеката“, вели Маркез.

Marquez txt 2 17 03 2021

Тој ја продолжи рехабилитацијата но овој пат на патеката во Барселона со RC213V-S, продукциска верзија на неговиот МотоГП мотоцикл.

Тестот покажува дека доколку се биде во најдобар ред со Маркез, малкумина ќе бидат изненадени доколку тој се појави на првата трка од сезоната која ќе се вози во Катар.

Marquez txt 1 17 03 2021

Repsol Honda потврди дека Шпанецот престојувал во Катар за време на викендот за да ја прими вакцината против Ковид 19 која на возачите им понуди Катарската влада.

Back To Top