Марк Маркез ја напушти болницата само 10 дена откако му беше извршена третата операција на раката која ја повреди на трката во Херез во јули.

Repsol Honda потврди дека Марк Маркез ќе продожи со рехабилитација во домашни услови. Пред нешто повеќе од една недела врз него беше извршена трета операција на раката која ја повреди на трката во Херез во јули.

На почетокот на овој месец, возачот на Repsol Honda беше примен во болницата „ Ruber Internacional “ во Мадрид и беше закажана операција поради инфекцијата која спречуваше раната да заздрави правилно.

Операцијата беше направена на 3-ти декември а десет дена подоцна тој е пуштен на домашно лекување.

„Медицинскиот тим смета дека напредокот на Марк Маркез после операцијата како и антибиотската терапија која ја прима се задоволителни“, се наведува во соопштението кое го испратија од Repsol Honda. „Тој е пуштен од болница и дома ќе продолжи со рехабилитацијата.“

 DSC4325 copy copy copy

Операцијата следува пет месеци од последниот обид на Маркез да дојде до нова титула. После 21 круг од првата трка која се возеше на патеката во Херез, сезоната за него заврши.

Неколку дена подоцна му беше направена првата операција но после само три дена тој повторно се врати на патеката и беше дел од слободниот тест за Андалузиската Гран При трка. Сепак, предизвикот се чинеше преголем и Маркез се повлече пред  да почне трката.

Наскоро мораше да замине на нова операција откако се оштети дел од плочата која му беше вметната. На крајот, Маркез соопшти дека нема да настапи во сезоната 2020.

Бавниот процес на рехабилитација би можел да ги одложи неговите подготовки за сезоната 2021. Од Honda велат дека целта на последната операција е да се утврдат причините за бавното зараснување на раната и дека нема никаква врска со првичната повреда.

Back To Top