Марк Маркез и новиот возач на Honda, Пол Еспаргаро, ги споделуваат своите размислувања во пресрет на новата сезона од MotoGP шампионатот.

За прв пат по 2004 година, двајцата возачи не успеаа да дојдат до барем една победа. Во Repsol Honda се надеваат дека враќањето на Марк Маркез како и пристигнувањето на Пол Еспргаро ќе ги промени работите.

Откако ја скрши раката на првата трка од минатата сезона, Маркез мораше да го пропушти остатокот на сезоната 2021. Но иако неговиот брат, Алекс, покажа потенцијал со машината на Honda, тимот на крајот сепак беше разочаран од конечниот распоред на табелата.

Работите беа сосема спротивни за Пол Еспаргаро и КТМ кој ја имаше најуспешната сезона во премиерната класа. Еспаргаро постојано се наоѓаше на подиумот а сезоната ја заврши на петата позиција, најдобар пласман откако во 2013-та година ја освои титулата во Moto2.

Оваа година Маркез и Еспаргаро ќе бидат тимски колеги. Но тоа нема да биде прв пат бидејќи двајцата возачи веќе се имаат тркано заедно. На неодамнешното преставување на новата Honda RC213V, зборуваа за нивната заедничка историја. „Прв пат бевме тимски колеги кога имав 11 години и кога бевме дел од RACC Impala “, вели Маркез.

 DSC4236 copy copy copy

„Заедно бевме де од тимот а потоа и заедно преминавме во RACC CajaMadrid. Тој беше дел од Шпанскиот шампионат а јас настапував во Каталонската серија. После тоа, тој продолжи по својот пат а јас по мојот. Настапувавме во исти серии и на исти патеки но во различни тимови.  “

Маркез има позитивно мислење во однос на новиот тимски колега. „Пол е одличен возач, се борев со него во класата од 125cc уште кога и двајцата бевме деца.“

„Тој беше постар од мене и ме победуваше во помалите категории. Но кога пристигна во Светскиот шампионат, имавме одлична борба во 2010 година а исто така и во 2012-та кога бевме дел од Moto2.“

„Минатата година тој имаше одлична сезона во КТМ. Доаѓа од добар тим каде имаше добри резултати.  Тој сега доаѓа во најдобриот тим и треба постојано да биде на подиумот.“

Двајцата возачи речиси во исто време се приклучија на трките.

„Кога прв пат го видов Марк бевме дел од многу млади категории во Conti.  Мислам дека тогаш беше прв пат. Јас бев постар и затоа имав малку поголемо искуство од него. Се сеќавам дека имавме убави моменти и дека едноставно уживавме.“

espargaro honda

Главните моменти за двајцата возачи дојдоа во 2010 и 2012 година кога се бореа за титулата во Moto2.

„Со Марк имавме одлични битки, особено во Moto2. Една беше во Есторил каде ја загубив титулата и завршив на второто место“, вели Еспаргаро.

А пред стартот на новата сезона, се уште немаме информации за тоа каква е физичката состојба на Маркез и дали тој ќе го пропушти тестот во Катар.

Но и покрај сето ова, Еспаргаро смета дека Марк е возачот кој останатите треба да го победат.

„Ако Марк има добар старт во Катар тогаш тој е фаворит. Иако не возел една година, тој секогаш е број еден.  Тој долги години е еден од најдобрите возачи во серијата и е референца како за мене така и за другите возачи кои се дел од MotoGP.“

А со оглед на тоа дека и двајцата возачи имаат постигнато големи успеси во минатото, плус се познаваат долго време, јасно е зошто Honda го одбра токму Еспаргаро за нов возач на тимот.

Тимскиот менаџер на Repsol Honda, Алберто Пуиг вели: „Се надеваме дека тој ќе му донесе добри резултати на тимот. Точно е дека тој има добро искуство, не е дете и неговата цел е постојано да се бори како со Марк така и со останатите возачи. “

„Се надевам дека за брзо време ќе го научи нашиот мотоцикл и се надевам дека ќе има голема битка внатре во екипата бидејќи тоа ќе ги подобри работите.“

Back To Top