thumb_jorge_lorenzo_02_slideshow_169Како што веќе пишувавме пред неколку недели, Хорхе Лоренцо ќе полага за возачка дозвола за мотор. Откако тој успешно го положи теоретскиот дел, на ред е практичниот тест, а поранешниот МотоГП шампион активно се подготвува за него.

jorge_lorenzo_02_slideshow_169

Како што веќе пишувавме пред неколку недели, Хорхе Лоренцо ќе полага за возачка дозвола за мотор. Откако тој успешно го положи теоретскиот дел, на ред е практичниот тест, а поранешниот МотоГП шампион активно се подготвува за него.

Она што Лоренцо го објави на својот фејсбук профил за многумина беше изненадување, сепак шампионот ќе мора да го положи тестот за управување со мотоцикл, за да може легално да се движи на две тркала надвор од патеките.

„Ја добив возачката дозвола за автомобил на 18 години, во меѓувреме немав потреба од дозвола за управување со мотоцикл бидејќи не е потребна за да се натпреваруваш, па едноставно не најдов време за да полагам. Сега ми е потребна дозволата за да управувам со мотоцикл низ градот, па започнав со процедурата да го завршам и тоа.“ објасни возачот на Јамаха.

jorge_lorenzo_03_slideshow_169

Исто како и во МотоГП, тој се соочува со Јамаха, но овој пат тоа е моделот YBR 250cc и за разлика од патеките, овдека нема мерење на времето и правилата се сосема поинакви.

„Мојот инструктор Џави е единствениот човек во светот кој ми рекол да возам мотор полека, а јас морам да го слушам доколку сакам да го положам испитот. Ако возам брзо, нема да положам.“ -изјави Лоренцо за motogp.com „Морам да бидам навистина бавен, знаете до сега сум се трудел да бидам колку што можам по брз со моторот, но ова е сосема различна ситуација. Кога во главата ќе ги раздвоите трките и градското возење се си доаѓа на свое место.“

Back To Top