(Време на читање: 1 - 2 минути)


На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

На само два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција на левата рака по фрактурата која ја доби за време на тренингот во Италија.

Откако пет-кратниот шампион беше примен во болницата во Верона, неговиот тим, Repsol Honda, официјално потврди дека Лоренцо има фрактура на раката. Оттаму велат и дека откако ќе заврши операцијата ќе испратат и официјално соопштение.

Lorenco txt

Лоренцо треба да биде дел од официјалната презентација на тимот која ќе се оддржи во Мадрид на 23-ти Јануари.  Тоа ќе биде негова прва презентација како нов возач на тимот откако премина од Ducati. На неа се очекува да биде и Марк Маркез кој исто така заздравува од операцијата на рамото која ја имаше во Декември.

Во Октомври минатата година, Лоренцо се здоби со фрактура на левиот зглоб по несреќата која ја имаше за време на тренингот во пресрет на трката во Тајланд. Поради тоа пропушти четири трки но сепак се врати на време за да го има својот последен настап во тимот на Ducati.

И покрај болките, Лоренцо беше дел од  дводневните пост сезонски тестови на неговиот нов тим.

Тестовите за новата сезона, Лоренцо ќе ги започне на патеката во Малезија помеѓу 6. и 8. Фебруари.  Се очекува дека и другиот возач на тимот, Марк Маркез нема да биде целосно подготвен за тестот во Сепанг.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: