„На Валентино му кажав дека неговото тркало или вилушка ме удри во глава на свиокот број 13“ – Кал Кратчлоу

MotoGP трката која се оддржа во Велика Британија беше одбележана со жестока борба за второто место. На првото место заврши Маверик Вињалес кој беше недостижен за останатите возачи.

Домашната ѕвезда, Кал Кратчлоу, беше дел од таа борба. Тој неколкупати го менуваше второто место со Марк Маркез. Пред крајот на трката, лидерот во генералниот пласман Маркез направи грешка и излета од патеката. 

Кратчлоу успеа да ја задржи контролата на мотоциклот, но Маркез излета од патеката и кога се врати беше петти. Подоцна, поради шареното знаме, тој се искачи на едно место погоре.

mm vr cc

„Да, имаше контакт. Ме удри при брзина од 200 милји на час,“ изјави Кратчлоу. „Марк не сакаше намерно да го направи тоа. Јас забавив а тој уште забрзуваше.  Тој ме удри со крилото а мене ногата ми се вкочани. Потоа ме оттурна на страна и си помислив дека морам добро да влезам во свиокот бидејќи само така ќе се искачам на втората позиција.“

„Мислам дека тоа беше фер борба. Јас не се жалам за работите што ги прават другите возачи. И јас сум правел така порано и сигурно ќе се случи тоа повторно и во иднина.“

„Всушност, ние исто така се удривме и на правецот. Јас се обидов да го претекнам и во тој момент неколку пати се допревме. Од она што можев да го забележам денеска, мислам дека сите возачи имаа фер борба меѓу себе.“

Дел од борбата беше и инцидентот со Валентино Роси.

„Му кажав на Валентино, не се шегувам за ова, дека почувствував како неговата вилушка или тркало ме удрија во глава на свиокот број 13,“ изјави Англискиот возач. „Но, не бев подготвен да се откажам. Тој беше покрај мене, и си помислив дека ако се откажам сега ќе имам проблеми и на следниот свиок, а исто така и некој друг ќе ме претекне.“

„Најинтересниот дел од трката беше на свиокот број 16. Се видов себеси на големиот екран токму во моментот кога притискав на гаста и за малку ќе паднев од мотоциклот.“

Кратчлоу, кој на последните четири трки три пати успеа да се искачи на подиумот, сега се наоѓа на осмото место во генералниот пласман.

Back To Top