Иако се чини како природно влегувањето на Kаwasaki во MotoGP, изгледа дека до такво нешто нема да дојде. Akashi не изгледа толку желен да потроши десетици милиони на MotoGP програма. Подолу можете да дознаете зошто е тоа така.

Иако се чини како природно влегувањето на Kаwasaki во MotoGP, изгледа дека до такво нешто нема да дојде. Akashi не изгледа толку желен да потроши десетици милиони на MotoGP програма. Подолу можете да дознаете зошто е тоа така.

Во изминативе неколку години, три фабрики се вратија во MotoGP. Aprilia и Suzuki беа првите, а KTM го подготвуваат мотоциклот за сезоната 2017. Очигледно, сите погледи сега се вперени кон Kawasaki кој порано беше дел од премиерната класа. Но сепак, Јапонскиот производител не е воодушевен од можноста за враќање во премиерната класа, особено не во овие услови.

P9114489

Најголемиот проблем кој го спречува враќањето на Kawasaki во MotoGP, е начинот на кој управува Дорна. Ичиро Јода од Kawasaki во интервјуто што го имаше за motorbikemag, изјави дека трошоците за водење на еден MotoGP тим се превисоки. Знаејќи го ова како и фактот дека ако се вратат во серијата нема да бидат компетитивни, тие одлучија дека тоа не вреди. Плус, на Kawasaki не му е дозволено да се врати на патеката како комплетен производител и ќе мора да соработува со некој веќе постоечки тим. Јода вели дека сегашните правила се премногу рестриктивни за новите производители и затоа Kawasaki ќе го оддложи своето враќање во MotoGP се додека не се подобрат работите.

Од друга страна, тимот на Kawasaki се чини дека ужива во Супербајк трките. Веќе имаат освоено две титули, една со Том Сајкс во 2013 година, а втората оваа година со Џонатан Реа. Во MotoGP може да се освојат повеќе пари, но тоа значи и поголема инвестиција. Барем засега, од Kawasaki не се спремни на тој потег, без разлика колку ние посакуваме да ги видиме на патеката.

Back To Top