Одговорено од страна на Алекс Бригс – Ози кој работи за Валентино Роси во тимот на Yamaha MotoGP.

Светските водечки професионалци како и тркачки херои го откриваат своето експертско знаење за најчудните мото достигнувања.

Одговорено од страна на Алекс Бригс – Ози кој работи за Валентино Роси во тимот на Yamaha MotoGP.

rosi mehanicar 2

Бев солиден мотокрос возач, а потоа станав помошник механичар во една компанија за автобуси. Станав пријател со голем број на возачи и почнав да работам на нивните мотоцикли. Еден ден бев дома кога одеднаш заѕвони телефонот. Тоа беше менаџерот на Австралискиот Yamaha мотокрос тим и ме праша дали сакам да работам за нив. Прифатив големо намалување на платата и одлучив да работам за нив. После некое време ми се јави Џереми Бурџес и ми понуди да работам на други трки.

Речиси секој механичар во MotoGP има слична приказна. Речиси никој нема официјални квалификации за механичар. Повеќето започнале во некоја локална работилница, работејќи бесплатно само за да стекнат искуство и да запознаат повеќе луѓе. Така се почнува. Мора лесно да се прилагодуваш и да разговараш со сите, на секакви теми, бидејќи на тој начин ќе научиш многу за тебе. Препораката е најдобрата алатка во оваа игра.

Back To Top