Фабричкиот тим на Јамаха во МотоГП шампионатот, „Movistar Yamaha MotoGP“ утринава преку официјално прес соопштение потврди дека го продолжува договорот со Валентино Роси до крајот на сезоната 2018.

Возбудливо соопштение пристигна од тимот на Јамаха во МотоГП шампионатот рано утринава. „Movistar Yamaha MotoGP“ тимот го продолжува договорот со Валентино Роси за дополнителни две години, па така „Докторот“ сигурно ќе вози за боите на Јамаха до крајот на 2018 година.

Роси отсекогаш имал посебна врска со Yamaha YZR-M1, почнувајќи од првата трка во далечната 2004 година во Јужна Африка која заврши со неверојатна победа за него и за Јамаха. Комбинацијата на „Докторот“ и YZR-M1 до сега резултираше со обезбедување на 4 титули и 53 Гранд При победи.

yfr editorial use pictures 16

По неверојатните 15 подиуми и 4 победи минатата сезона, Јамаха е сигурна дека партнерството со Валентино Роси ќе придонесе за битка за титулата во 2016, но и понатаму.

Многу сум среќен што можам да објавам дека со Јамаха го продолживме договорот и ќе продолжиме да работиме заедно во МотоГП во следните две години. Многу сум задоволен од оваа одлука, јас отсекогаш велев дека ќе останам во мото спортот се додека можам да бидам конкурентен и додека уживам во него. По моето враќање во Јамаха во 2013 година се осеќам како да сум дома повторно и тоа се покажа преку резултатите. Навистина уживам во работата со мојата екипа, но и со целиот тим на „Movistar Yamaha MotoGP“. Нивната поддршка е неограничена и бесценета, и би сакал да им се заблагодарам за тоа. Благодарение на сето ова, се чувствувам мотивиран да ја возам мојата YZR-M1 во потрагата по најдобрите резултати, како оваа, така и следните две сезони. Би сакал да им се заблагодарам и на сите мои фанови кои се постојано со мене и секоја трка ја прават специјална. Јас ќе продолжам да го давам максимумот и ќе притискам на секоја трка, со цел сите ние да продолжиме да уживаме во МотоГП во годините кои следуваат. Валентино Роси

Back To Top