„Во спектакуларна борба, Јанон ја оствари првата победа за тимот од Болоња по 2010 година“

Андреа Јанон ја оствари првата победа за тимот на Ducati по 2010 година кога Кејси Стонер победи на трката која се оддржа на патеката Филип Ајленд.  Италијанецот, за кого ова беше прва победа, го издржа притисокот од колегата Андеа Довициозо и заедно му донесоа на тимот 1-2 победа, прва по 2007 година. Актуелниот шампион Хорхе Лоренцо го комплетираше подиумот.

Прва победа и огромна радост за Андреа Јанон и тимот на Дукати

Јанон, стартуваше од првата позиција и одлично ја почна трката. Веднаш зад него Марк Маркез премногу брзо влезе во свиокот и излета од патеката, а во инцидентот беше вклучен и Лоренцо. Тој беше единствениот возач кој го имаше променето задниот пневматик, а покрај тоа се уште имаше и болки од падот што го доживеа на една мото крос трка. Тој за момент беше претекнат од Довициозо но сепак на крајот успеа да победи.

Довициозо исто така имаше импресивна трка и водеше во голем дел од неа. Но сепак, во последните неколку кругови тој не можеше да му се приближи на тимскиот колега и на крајот заврши на второто место. Ова за него беше 250–та трка.

Во последниве неколку трки, Хорхе Лоренцо не вози онака како што посакува но сепак на крајот покажа зошто е актуелен шампион. Спектакуларно двојно претекнување беше најдобриот момент на трката за петкратниот шампион. Со освоеното трето место, тој успеа да му се приближи на лидерот Марк Маркез кој заврши на петото место. Валентино Роси беше четврти.

Марк Маркез имаше пад на третиот слободент тренинг и доживеа повреда на рамото. Но и покрај тоа, Шпанецот имаше импресивна трка, а не смее да се заборави и фактот дека тимот на Repsol Honda не беше дел од тимовите кои имаа тест на патеката во Австрија. Вториот возач на Repsol Honda, Дани Педроса заврши на седмото место. Скот Рединг беше осми за уште еден добар резултат за Octo Pramac Yakhnich тимот, тој се најде пред дуото на Monster Tech 3 Yamaha, Бредли Смит и Пол Еспаргаро.

Следната трка од MotoGP шампионатот ќе се оддржи следниот викенд во Брно, република Чешка.

Back To Top