Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

play motogp 2017 on ps4 and you might win a bmw 117921 1

Не знам поради која причина одлучиле да доделат автомобил, но има една добра работа. Ако победите, ќе можете да го продадете автомобилот и да си купите мотоцикл.  

Официјалната видео игра ќе биде главен дел од „eSports“ шампионатот и ќе им овозможи на играчите да земат учество во онлајн предизвиците во текот на целата сезона. Целта е да се квалификувате за финалето на сезоната кое ќе се оддржи во ноември на патеката во Валенсија. Целиот настан ќе се емитува во живо на еден од медиумските партнери на Dorna.

„Преминот на eSports сцената го носи MotoGP во една нова ера,“ изјави По Сараканта, еден од директорите во Dorna. „Ова е уникатен начин да ја вклучиме нашата публика. MotoGP не е само еден од најважните спортски настани во вистинскиот живот туку и едно од највозбудливите дигитални искуства.“

MotoGP eSport шампионатот, кој може екслузивно да се игра на SONY PlayStation 4, ќе обезбеди директна врска со вистинското тркање преку седум онлајн настани. Најдобрите шеснаесет возачи ќе бидат поканети да ги тестираат своите вештини на патеката во Валенсија, пред самиот крај на сезоната, а најдобриот натпреварувач ќе добие BMW M240i.

Засега немаме допонителни информации за автомобилот освен дека неговата цена изнесува околу 45 000 евра. Тоа во превод би значело два Ducati 1299 Panigale мотоцикли.

Back To Top