Неформалната кампања која започна на социјалните мрежи со цел подигање на свеста за заболените од Амиотрофична латерална склероза (АЛС) ја прифати и Хорхе Лоренцо.

Неформалната кампања која започна на социјалните мрежи со цел подигање на свеста за заболените од Амиотрофична латерална склероза (АЛС) ја прифати и Хорхе Лоренцо.

lorenco-als-golema

Амиотрофична латерална склероза (АЛС) е прогресивна, обично смртоносна, неуродегенеративна болест предизвикана од дегенерација на моторните неврони, нервните клетки во централниот нервен систем кои го контролираат волното движење на мускулите. Како моторна невронска болест, таа предизвикува мускулна слабост и атрофија по целото тело. Моторните неурони дегенерираат, престанувајќи со својата функција на испраќање на пораки до мускулите. Поради тоа, и мускулите атрофираат како резултат на неактивност. Пациентот може конечно да ги загуби сите волни мускулни движења освен оние на очите.

Неформалната кампања која започна на социјалните мрежи со цел подигање на свеста за заболените од Амиотрофична латерална склероза (АЛС) ја прифати и Хорхе Лоренцо. Станува збор за видео-клипови во кои на славни лица им се истура кофа со камен ладна вода, а обврска на „жртвата“ е да именува кој би сакал следен да го направи предизвикот на замрзнатата кофа (#IceBucketChallenge).

Возачот на Yamaha Movistar MotoGP тимот, Хорхе Лоренцо го прифати предизвикот за истурање ладна вода врз себе, а како што е редот, ги именуваше следните кои треба да го сторат истото: Дани Педроса, Валентино Роси и Марк Маркез.

Неколку часа подоцна, Дани Педроса го прифати предизвикот и го полија со ладна вода:

Потоа следуваше и Марк Маркез:

Остана уште Роси, очекува во најскоро време и видео од Докторот, во негов стил :)

Back To Top