MotoGP

Херез: Ианоне: Што очекуваа?

„Прочитав дека имам многу лош старт на сезоната. Но што очекуваа? Дали мислеа дека Ианоне ќе дојде во Aprilia и тимот веднаш ќе се искачи на подиумот? Јас не очекував нешто такво.“ – Андреа Ианоне.

Следете нè на:

 

„Прочитав дека имам многу лош старт на сезоната. Но што очекуваа? Дали мислеа дека Ианоне ќе дојде во Aprilia и тимот веднаш ќе се искачи на подиумот? Јас не очекував нешто такво.“ – Андреа Ианоне.

Андреа Ианоне не може да разбере зошто некои луѓе мислат дека има лош старт на неговата прва MotoGP сезона со тимот на Aprilia. Ианоне, кој е победник на трка со тимот на Ducati и кој потоа четири пати успеа да се искачи на подиумот со Suzuki, вели дека се чувствува смирено после досегашните трки и дека е подготвен за предизвикот кој го очекува а тоа е пополека искачување кон врвот со RS-GP.

„Сите знаат дека ни треба подобар мотоцикл но исто така ни треба и време да се подобриме“, вели Ианоне. „Нормално е во моментов да не се наоѓаме на позициите кои ги сакаме. Но во споредба со минатата година, мислам дека Aprilia има постигнато напредок.“

„Ако луѓето мислеа дека Ианоне ќе дојде во Aprilia и тимот веднаш ќе се искачи на подиумот, јас не очекував нешто такво. Понекогаш читам во весниците дека имам многу лош старт на сезоната. Но што очекуваа? Ова особено важи за луѓето кои го пишуваат тоа и кои се дел од мотоспортот. Што очекуваа да направам? “

На прашањето што тој самиот очекувал, Италијанецот одговори: „Ја очекував оваа ситуација. Дојдов тука за да го подобрам мотоциклот, да работам напорно за да го имаме најдобриот сетап.“

„Но не очекувам веднаш да бидам на врвот. Очекувам да работам со добри луѓе и да имам добра подршка од Aprilia. Токму тоа и го добив.“

„Очекувам напредок во текот на сезоната. Но тоа не е воопшто лесно. Во секој случај, Aprilia на првите три трки оваа сезона освои повеќе поени отколку во истиот период претходните години.“

Ianone Jerez Txt 03 05

Ианоне вели дека и покрај успехот кој го има постигнато претходно во кариерата е подготвен да биде трпелив со Aprilia во споредба со првата сезона во тимот на Suzuki кога GSX-RR се покажа дека е навистина проблематичен.

„Се чувствувам многу посмирено во споредба со претходните години. Кога преминав од Ducati во Suzuki, очекував добри перформанси од  мотоциклот. Но тоа не го постигнав бидејќи во сезоната 2017 за моторот одбравме неколку работи кои беа навистина лоши и поради тоа ја загубивме целата сезона.“

„На секоја трка бев нервозен бидејќи сакав да постигнам добар резултат а не можев да го направам тоа. Сакам да се борам за подиумот а не можам да го направам тоа. Загубивме една година.“

„Оваа година работите се поинакви бидејќи на некој начин почнавме од нула.Нов тим, нови луѓе, нов мотоцикл. Не очекував да дојдам тука и уште на првите некоку трки да се борам за победата. Понекогаш ќе завршиме десети а понекогаш дваесети. Мораме да најдеме добар баланс и чекор по чекор да одиме напред.“

Ианоне смета дека нема никаква проблематична област на RS-GP и потенцира дека е фокусиран на конзистентноста наместо на брзината.

„Тимот нема еден голем проблем. Но во сите области треба по малку да се подобруваме. Тоа ќе ни помогне да го направиме чекорот напред.“

„Сакам тимот да има добар мотоцикл. Кога ќе го постигнеме тоа, ќе работиме да ги подобриме перформансите.“

Aprilia Европскиот дел од сезоната ќе го започне со заостанување од само еден поен во однос на КТМ. Во моментов, Ианоне е на 18-то место на табелата е неговиот тимски колега, Алеш Еспаргаро е тринаесети. Досега, најдобриот резултат на RS-GP е шестото место кое Еспаргаро успеа да го освои три пати откако во 2017 година му се приклучи на тимот.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Марк Маркез вели дека е среќен што Романо Фенати повторно се бори за првото место.

Ова е мотоциклот со кој Џонатан Реа и Леон Хаслам победија на трката Suzuka 8-Hours.

Спортскиот директор на Ducati , Паоло Чиабати, ги објаснува причините зошто тимот за прв пат во својата историја се одлучи да настапи со четири мотоцикли кои имаат фабрички спецификации.

Тимскиот менаџер на Repsol Honda, Алберто Пуиг е среќен поради враќањето на патеката на Хорхе Лоренцо но не очекува тој да биде во врвна форма.

Листа на сите се познати договори кои возачи и тимовите ги имаат за 2020 година.

Лидерот на табелата Алекс Маркез ќе ја вози шестата сезона во Moto2 серијата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.