Само неколку часа пред  настапот на развојниот тим, Сузуки објави дека ќе се врати во MotoGP шампионатот во 2015 година.

suzuki-gp-2015

Само неколку часа пред  настапот на развојниот тим, Сузуки објави дека ќе се врати во MotoGP шампионатот во 2015 година. Јапонскиот производител ќе има 21 месец за да го развие GP мотоциклот со помош на тест возачот Ренди де Пуние и Давиде Бривио како тест менаџер.

Од Сузуки сеуште нема објаснување зашто е одложено враќањето. Фактот дека тимот треба да плати за гумите од Bridgestone како и трошоците за превоз, претставува ризик особено ако мотоциклот не импресионира на првата директна споредба со машините на Јамаха, Хонда и Дукати.

Кармело Езпелета, за кого се верува дека сеуште му е лут на Сузуки (и Кавасаки) за неодржаните ветувања и напуштањето на серијата, не му пружи голема помош на тимот во намерата да се врати во шампионатот.  Дорна првично сакаше Сузуки да влезе во серијата преку веќе постоечки тим, но на крајот мораше да се откаже од таа идеја бидејќи ниту еден тим не се сложи.

Враќањето на Сузуки ќе значи и дополнителни два мотоцикли на патеката, а тие ќе имаат и сопствен MotoGP тим.

Во продолжение можете да го прочитате соопштението од Сузуки.

Suzuki Motor Corporation ќе се вратат во MotoGP во 2015

По две години пауза, Suzuki Motor Corporation го организираше својот тест тим и ќе присуствува на заедничкото  тестирање кое ќе се одржи на патеката Каталуња во Шпанија. Преку серија на тестови за подобар развој и префинетост, а кои ќе се одржат во и надвор од Јапонија, Suzuki Motor Corporation повторно ќе учествува во MotoGP во 2015 година.

Главни членови на Европскиот тим за тестирање во 2013:

Тимски менаџер: Давиде Бривио

Тест возач: Ренди де Пуние

MotoGP моторцикл кој ќе се развива:

1000cc In-line four GP

Back To Top