Возачот на Ducati беше најбрз на петочните тренинзи. Неговиот главен ривал, Марк Маркез, кој во моментов има 33 поени предност, на првиот слободен тренинг заврши на петото место, додека пак на вториот, се најде на втората позиција.

Андреа Довициозо беше најбрз на првиот слободен тренинг кој се оддржа на патеката во Малезија. Но за разлика од првиот тренинг кој се возеше на суви услови, вториот слободен тренинг се оддржа на влажни услови. Но и овој пат, возачот на Ducati беше најбрз. Неговиот главен ривал, Марк Маркез, кој во моментов има 33 поени предност, на првиот слободен тренинг заврши на петото место, додека пак на вториот, се најде на втората позиција.

1 ad g029723.gallery full top fullscreen

Втор најдобар возач по завршувањето на првиот слободен тренинг беше Алваро Баутиста (Pull&Bear Aspar Team), а веднаш зад него се најде дебитантот на годината, Јохан Зарко (Monster Yamaha Tech 3). Зарко излета од патеката во текот на попладневниот настап но за кратко време повторно се врати. Маверик Вињалес (Movistar Yamaha MotoGP) беше четврти и на крајот заврши пред Маркез.

Кал Кратчлоу (LCR Honda) заврши на шестото место на суви услови и се најде пред Карел Абрахам (Pull&Bear Aspar Team) и Хектор Барбера (Reale Avintia Racing). Дани Педроса (Repsol Honda Team) го освои деветото место и заврши пред Хорхе Лоренцо (Ducati).

Данило Петручи (Octo Pramac Racing) беше единаесетти и заврши пред сонародникот Валентино Роси (Movistar Yamaha MotoGP). Веднаш зад нив се најдоа Андреа Ианоне (Team Suzuki Ecstar), Џек Милер (EG 0,0 Marc VDS) и Пол Еспаргаро (Red Bull KTM Factory Racing).

Успешен ден имаше и Михаел ван дер Марк кој за прв пат настапи на MotoGP машина. Возејќи со Monster Yamaha Tech 3 мотоцикл, ван дер Марк и на двете сесии заврши на деветнаесетото место. На суви услови, шампионот за 2014 година во Мотокрос серијата заврши со заостанување од 2.8 секунди зад Довициозо.

Третиот слободен тренинг одлучува за директен влез во втората квалификациска сесија, а Валентино Роси ќе биде еден од возачите кој ќе се надеваат на подобри временски услови.

Back To Top