Андреа Довициозо постигна драматична победа на првата трка која се возеше во Катар откако во последниот круг успеа да се одбрани од нападите на Марк Маркез.

Италијанецот, кој беше фаворит за победа после одличниот настап кој го имаше за време на тренингот, имаше добар старт и со тек на време почна да ја користи предноста која ја има неговиот мотоцикл, брзината, за да го претекне Јоан Зарко кој долго време беше лидер на трката.

doviziosoqatar

Зарко беше во водство во поголемиот дел од трката и покрај обидите на Маркез и Роси да го претекнат.

Довициозо, кој го презеде водството на пет круга до крајот на трката, не успеа да направи поголема предност во однос на Маркез и Роси. Маркез се обиде да стигне до победата во последниот свиок од патеката но Довициозо се одбрани и на крајот заврши на првото место со предност од 0.027 секунди пред возачот на Honda.

Роси, кој имаше добро темпо во текот на целата трка на крајот заврши на третата позиција и се најде пред Кал Кратчлоу кој настапува за LCR Honda.

Возачот на Pramac Ducati, Данило Петручи беше петти, а вториот возач на Movistar Yamaha мораше да се задоволи со шестото место. Дани Педроса ја заврши својата двестота трка во MotoGP шампионатот на седмата позиција, а Јоан Зарко беше веднаш зад него.

Андреа Ианоне на Suzuki беше деветти додека пак Џек Милер ги заокружи првите десет  возачи.

Иако Ducati на крајот славеше победа, нивниот втор возач, Хорхе Лоренцо, мораше предвреме да ја заврши трката. Франко Морбидели беше најдобриот дебитански возач откако се најде на дванаесетото место додека пак Хафиз Сиахрин имаше импресивно деби и на крајот заврши на позиција која носи поени.

Британецот Бредли Смит заврши на осумнаесетата позиција додека пак неговиот сонародник Скот Рединг, ко ј имаше деби настап за фабричкиот тим на Aprilia заврши на дваесетата позиција.

qatargprace

Back To Top