MotoGP

Довициозо со победа на првиот „Sic Supermoto Day“

motori big_sic-supermoto-day-2012-gara-67Трката на издржливост со супермото на која учествуваа повеќе ѕвезди од мотоспортот се одржа во изминатите два дена, а за цел имаше да собере средства со кои ќе се помогне фондацијата која го носи името Марко Симончели.

Следете нè на:

 

big sic-supermoto-day-2012-gara-67Валентино Роси се покажа како поумешен од Макс Бијаџи со супермото

Трката на издржливост со супермото на која учествуваа повеќе ѕвезди од мотоспортот се одржа во изминатите два дена, а за цел имаше да собере средства со кои ќе се помогне фондацијата која го носи името Марко Симончели. Во чест на „Super Sic“ трката траеше 58 круга, по неверојатно тешки услови за возење кои вклучуваа пороен дожд. Времето не ги спречи возачите да се забавуваат, па така возењето на Валентино Роси и Макс Бијаџи беше предизвик за публиката, но на крајот Довициозо и Мауно Хермунен беше дуото кое дојде до трофејот.

Таткото на Симончели, Паоло Симончели, со големи емоции ја проследи трката, а потоа и ги врачи наградите на возачите кои му изразија поддршка. На трката присуствуваа повеќе од 5000 гледачи, а беа собрани околу 90.000 евра.

Резултати од „ALL STARS“ трката:

1. Mauno Hermunen - Andrea Dovizioso 58 круга за 1:06’10.556
2. Matthew Winstanley - Cristian Iddon;
3. Valentino Rossi -Thierry Van Den Bosch;
4. Massimiliano Verderosa - Andrea Antonelli;
5. Ivan Lazzarini - Mattia Pasini;
6. Graziano Rispoli - Raffaele De Rosa;
7. Paolo Gaspardone - Alex Gramigni;
8. Adrien Chareyre - Massimiliano Biaggi;
9. Alex Serafini - Lorenzo Savadori;
10. Paolo Cianfrocca - Eddy La Marra.

 Извор: „Motoblog.it

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.