„Денеска ги победив ривалите. Тоа не ми се случува толку често во кариерата и чувството е навистина убаво“ - Андреа Довициозо

Андреа Довициозо стана рекорден, девети победник оваа сезона во MotoGP шампионатот. Возачот на Ducati се искачи на првото место на подиумот по пауза од седум сезони.

Во текот на целата трка на влажната патека во Малезија, Довициозо имаше убедлив настап. На квалификациите кои се оджаа во саботата, тој ја освои пол позицијата.

dovi pobeda

Во текот на единаесет круга од трката, тој се беше на средината меѓу првите пет најдобри возачи. Тројца од нив, Марк Маркез, Кал Кратчлоу и Андреа Јанон, набрзо испаднаа од конкуренција и до крајот на трката Довициозо имаше борба со Валентино Роси.

Но, возачот на Yamaha направи грешка и му овозможи на Довициозо да го претекне. Од тој момент, предноста на Довициозо постојано се зголемуваше а во одредени кругови, Роси имаше послабо време за цели две секунди.

dovizioso winner sepang motogp

По крајот на трката, Довициозо изјави дека не било така лесно како што изгледало:

„Трката беше многу тешка. Однадвор можеби ви изгледаше како да ја контролирам трката, но во реалноста не беше така. Првиот дел од трката не беше многу брз бидејќи имаше многу вода на патеката, а и Јанон и Роси беа многу брзи. Но не се откажував. Не направив ниту една грешка до крајот и тоа ми помогна да победам,“ изјави Довициозо.

„Валентино никогаш не се откажува, па затоа после грешката која ја направи, не очекував дека ќе успеам да направам предност.  Но, кога видов дека имам предност од 1,7 секунди, сфатив дека имам шанса. Знаев дека мора да преземам поголем ризик.“

„Имам одлилен мотоцикл и тракцијата на задниот дел е подобра отколку кај Валентино. Тоа ми овозможи да бидам побрз.“

„Среќен сум поради мотоциклот. Во текот на викендот работевме напорно и резултатот е одличен. Среќен сум бидејќи постигнав победа на овој начин. Денеска можев да ги победам ривалите и тоа не ми се случува многу често во кариерата.“

42076

Довициозо призна и дека оваа победа му помогнала да заборави на трката во Австрија.

„Во Австрија, направив погрешен избор со задната гума и бев многу разочаран. Затоа овој резултат за мене е многу важен.“

30 годишниот возач е среќен и поради тоа дека нема повеќе да го прашуваат дали тој ќе биде рекордниот, деветти, победник во MotoGP, оваа сезона.

„Среќен сум бидејќи повеќе нема да ми го поставувате тоа прашање. Дали би можело да има и десетти победник? Оваа година се е можно. Алеш? Можеби.“

Во пресрет на последната трката од шампионатот, Довициозо се наоѓа на седмото место на табелата и заостанува само седум поени зад возачот на LCR Honda, Кал Кратчлоу.

Back To Top