(Време на читање: 1 - 2 минути)


„Мојата цел е иста како и секогаш: Да се борам за место на подиумот и да ја постигнам мојата прва победа со тимот на Ducati.“ - Лоренцо

Хорхе Лоренцо вели дека неговата цел за овој викенд е едноставна, уште еднаш да се обиде да ја постигне првата победа на машината на Ducati. Во изминативе неколку недели Шпанецот е се поблиску до својата цел, а поради темпото кое го имаше како на влажни така и на суви услови на последните две трки, Лоренцо смета дека сега е неговата шанса. Шпанецот вели дека е уверен дека ќе има добар настап на трката која се вози во Јапонија.

lorenzo motegi

„Местото на подиумот на трката во Арагон е многу важно за тимот и тоа значи дека се движиме по вистинскиот пат. Сега не очекува финалниот дел од сезоната и имаме три трки кои се возат едноподруго. Мојата цел е иста како и секогаш: Да се борам за место на подиумот и да ја постигнам мојата прва победа со тимот на Ducati.“

„Мотеги е една од моите омилени патеки и досега успеав неколку пати да победам тука. Мислам дека нашиот мотоцикл добро се адаптира на карактеристиките на патеката и затоа имаме шанса да постигнеме добар резултат.“

Сепак, желбата на Лоренцо можеби и нема да се исполни со оглед на тоа дека неговиот тимски колега Андреа Довициозо е дел од борбата за титулата.

„Мотеги е специјална патека, една од моите омилени. Мора да притискаш многу силно при сопирање но сигурен сум дека ќе бидеме едни од фаворитите за победа. Имам самодоверба бидејќи и во минатото тука имам постигнувано добар резултат. Следните четири трки ќе бидат од големо значење во борбата за титулата и ние сме спремни да се бориме до самиот крај.“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: