motori bridgestone_copyВо интерес на безбедноста на МотоГП возачите, на трката за ГН на Италија која викендов се вози на патеката Муџело, Бриџстоун одлучи да ги снабди возачите со специјални задни гуми адаптирани за оваа патека.

bridgestone

Во интерес на безбедноста на МотоГП возачите, на трката за ГН на Италија која викендов се вози на патеката Муџело, Бриџстоун одлучи да ги снабди возачите со специјални задни гуми адаптирани за оваа патека.

Како дополна на редовната испорака на 10 задни пневматици, викендов секој возач ќе добие дополнителни 4 гуми во специјална изведба наменети за Муџело. Специјалните гуми како овие се наменети за патеки налик на Филип Ајленд и Захсенринг на кои се зебележуваат исклучително големи температури на пневматиците.

Новите гуми ќе бидат достапни во тврда компонента, што значи дека секој возач ќе може да се одлучи помеѓу стнадардната верзија на тврда слик гума и оваа која ќе биде понудена. 

„Бриџстоун се одлучи да ги снабди возачите со посебна гума за Муџело со цел да се зголеми нивната безбедност. Оваа наша одлука беше поздравена од Дорна, Фим, комисијата за безбедност но и од сите МотоГП тимови. Дополнително на ова, внимателно ќе ја набљудуваме состојбата за време на викендот и ќе бидеме во постојана комуникација со тимовите со цел да ја задржиме безбедноста на возачите.“ - се вели во соопштението од Бриџстоун.

„Лекцијата која ја научивме на Холандското ГП придонесе да размислуваме за снабдување со специјални гуми за повеќе различни патеки во шампионатот.“ - дополни менаџерот на компанијата, Хироши Јамада.

Back To Top